ШТО ПРАВИ МЕЧКА КОГА ЌЕ ГО ВИДИ ПУТИН:“Па самите замислете, мечката не е сигурно будала, ако го види Путин, секако дека ќе се однесува пристојно”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков, раскажал за обезбедувањето на рускиот лидер за време на неговото патување во Тува

“Дивина, таму живеат мечки, дури и обезбедувањето се наоружува како што треба и го носи целото тоа оружје со себе, затоа што тоа е дивина и недопрена природа”, рекол Песков за телевизискиот канал “Русија 1”.

Според неговите зборови, навистина се применуваат сите безбедносни мерки.

“Па самите замислете, мечката не е сигурно будала, ако го види Путин, секако дека ќе се однесува пристојно”, се пошегувале Песков. Портпаролот потсетил дека патувањето во Тува било динамично.

“Шетаа по планините доста долго, до 5 часа, на надморска височина од 1800 метри, односно на речиси два километри . Таму тешко се дише. Долго одење, а до горе се патува еден час. Тоа е огромен физички напор”, додал Песков.

“Иако се најплашливите животни на светот, дивите кози кога го видоа Путин не побегнаа. Продолжија да пасат и веројатно го препознаа”, се пошегува повторно портпаролот на Путин.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го помина минатиот викенд на Јенисеј во Тува. Рускиот претседател за време на двата дена го придружувале директорот на ФСБ, Александар Бортњиков и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This