March 29, 2024, 12:25 pm

ШТО СЕ ПОДГОТВУВА: Пред четири години лица вршеа шпионажа на касарната „Кузман Јосифовски Питу“ – денес ја снимале и правеле скици!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според полицискиот билтен на 09.05.2018 година во 16.20 часот на ул. „Фуштанска“ во Тетово, четири непознати лица со патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.

Откако реагирало обезбедувањето на касарната, лицата избегале. Во 17.45 часот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Глоѓи, полициски службеници го сопреле наведеното возило во кое се превезувале Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), сите од Косово, по што биле приведени во СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ова не е прв ваков случај во кој се прават скици и фотографии на касарната во Тетово. На 09.12.2014 година, неколку две лица со мобилен телефон извршиле фотографирање на објектот од касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово и покрај тоа што на објектот на видно место е истакнат знак за забрана за фотографирање. При тогашниот настан на осомничените им е одземено УСБ на кое се наоѓале направените фотографии.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This