April 20, 2024, 12:53 pm

ШТО СЕ РАЗГОВАРАШЕ НА СРЕДБАТА НА ИВАНОВ СО ПУТИН: Русија внимателно ја следи ситуацијата во Македонија – кризата нема да се реши без почитување на Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија со посебно внимание ги следи случувањата во Македонија објаснувајќи дека политичката ситуација во земјата може да се реши само согласно следење на Уставот и демократските принципи
gjore_Putin
Претседателот на Русија тоа го кажал во разговорот со Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој е во дводневна работна посета на Москва.

„Уверен сум дека Вашето искуство, Вашето влијание и авторитет ќе допринесат кон тоа“, му рекол Путин на претседателот Иванов.

Пути изразил и задоволство за унапредувањето на македонско-руските односи и како што вели, има позитивно придвижување во економската размена.

На почетокот на состанокот рускиот претседател на Иванов му ја честиташе наградата „Неговата светост патријарх московски и на цела Русија Александар Втори“, која вчера му ја врачи рускиот патријарх Кирил за унапредување на православната соработка.

Освен ова Путин го честиташе и денешниот празник Св.Кирил и Методиј, додавајќи дека двајцата просветители кои ја донеле писменоста и на просторите на Русија, се од Македонија.

„Денес го одбележуваме сеќавањето на сесловенските просветители – светите браќа Кирил и Методиј кои се наши духовни учители. Срдечно ви се заблагодарувам што ми ја доделивте оваа награда. Таа има големо значење за мене лично како претседател“, рекол Иванов.

23 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This