ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО АНБ: Димовски денеска пред надзорната Комисија ќе информира за приемот на работници од УБК во АНБ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски денеска пред Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе информира за приемот на работници од поранешната УБК во АНБ, која почна со работа од 1 септември.

Прва точка на дневен ред на седницата е Информирање на Комисијата од страна на директорот на Агенцијата за национална безбедност во врска со преземањето, селекцијата и изборот на работници од УБК во АНБ.

За кадровските промени пред Комисијата ќе реферира и Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање. Кадровските промени и состојбите во Агенцијата за разузнавање се втора точка на днениот ред.

АНБ, која всушност ја замени УБК официјално почна да функционира од 1 септември, откако на почетокот на минатиот месец на владина седница беше констатирано прекинување на фукцијата на последниот директор на УБК, Горан Николовски.

Законите за реформа на безбедносниот систем беа донесени со консензус меѓу власта и опозицијата, пратеници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се вклучени како набљудувачи во селекцијата на кадри во АНБ, а вчера членот на Комисијата за селекција и избор на работници од УБК во АНБ Трајчо Димков преку соопштение информираше дека до премиерот Зоран Заев поднел оставка на местото во ова тело.

Димков, кој е пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението посочува дека чувствува обврска да ја информира јавноста за мотивите за оставката, нагласувајќи дека за член на Комисијата бил избаран со решение на Владата.

– Изборот на кадри за АНБ беше компромитиран од самиот почеток и повеќе се базираше на субјективни па дури и политички, наместо на објективни, јасни и однапред утврдени критериуми. Мојот впечаток е дека целиот процес беше фарса, односно имаше за цел да даде некакво покритие за претходно донесени одлуки околу кадрите кои би влегле во АНБ. Според мене, имаше неколку клучни моменти врз основа на кои се направи ваков избор, односно не се постапи согласно новиот закон за АНБ. Не се реализираше тестот за интегритет кој требаше да се спроведе согласно законот за АНБ, ниту се постапи согласно информацијата на Државната комисија за спpeчување кopупција во однос на cyдир на интереси при вработувањето. Исто така, од неразјаснети причини не се реализираше ниту предвиденото полиграфско тестирање – наведува Димков.

Новоформираната АНБ, која произлезе од препораките на Рајхард Прибе за реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем во земјата по скандалот со прислушувањето, од почетокот на своето работење се соочи со обвинувања дека дел од вработени имаат kpивични приjaви, некои од нив двојно државјанство, а има поплаки дека мал процент од вработените се од албанска националност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This