ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА ЦРКОВНИОТ СОБИР ВО МОСКВА: Руската црква со поддршка за МПЦ, но против неканонските постапки на Наум и бугарската црква!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската православна црква се залага за продолжувањена дијалогот со СПЦ, но прашање е со кого во Македонија може да се разговара, ако се знае дека актуелниот архиепископ Стефан, судејќи по се, само формално на чело на МПЦ. Вистинските старешини на МПЦ всушност се со бугарска националност

Иако никој од аналитичарите и познавачите на црквените парашања не веруваше дека Бугарската православа црква во своја прегратка ќе ја прими МПЦ, тоа сепак се случи. Сега, стигнуваат гласови од Москва, од рускиот патријарх Кирил, кој, како што пренесуваат „Вечерње Новости“, лично им ги пренел на српските великодостојници на прослаата на стогодишнината на воспостувањето на новата Московска патријаршија, со желба за зачувување на вековното црквено единство.

Желбата на МПЦ, БПЦ да и биде мајка-црква и изненадувачки позитивниот одговор на патријаршијата во Софија е исполнување на бугарофилските идеи на некои Македонски великодостојници, вели историчарот Александар Ракови.

„Македонската црква започна да го решава своето црквено прашање така што ќе го реши низ бугарското национално прашање. И тоа се гледа од изјавите кои ги даваше митрополитот струмички Наум, од една и бугарскиот патријарх Неофит од другата страна. И тоа е во склад со договорот кој го потпишаа Заев и Борисов за добрососедство каде во една точка стои дека тие имаат заедничка историја. Сето тоа е еден пакет.“ – вели Раковиќ.

Бугарската црква нема канонски можности да ја земе во своја заштита МПЦ и таков обид би довел, како што вели Раковиќ, во предрасколна и расколна ситуација со сите други православни цркви во светот.

„Интересно е тоа што Бугарскиот патријарх Неофит би требало да биде на собирот во Москва, но во последен момент се откажа од патот и испрати делегација на чело со еден митрополит, бидејќи, судејќи по се, сакаше да ја избегне средбата со српскиот и рускиот патријарх. Значи, тие знаеле дека направиле противканонски потег и дека влегле во помеѓу односите на СПЦ и МПЦ.“, смета Раковиќ.

Московската патријаршија и понатаму се залага за дијалог помеѓу Белград и Скопје, а патријархот Кирил дури и посредуваше во неколку разговори помеѓу великодостојниците од двете црвки. Официјалниот црквен став на РПЦ е во насока на поддршка на МПЦ.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This