ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МАКЕДОНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ: Сухоите од кои се исплаши НАТО, собираат прашина на аеродромот?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првите и досега единствени борбени авиони на АРМ веќе деветта година стојат препуштени на временските услови на стојалиште во базата на воздухопловната единица на АРМ кај скопскиот аеродром. Запустени и заборавени, со избледена маскирна боја и со ознаки, заматени стакла, четирите „сухои“ почиваат на гробиштата на отпишана опрема на воениот аеродром. Ниту АРМ ниту Министерството за одбрана нема одговор каква ќе биде нивната понатамошна судбина. Воени извори тврдат дека, во теорија, е можно леталата да се оспособат за оперативна употреба, но со оглед на нивната состојба, тоа би бил скап проект. Во Министерството за одбрана засега нема планови за „сухоите“.

su_25_isis

Во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, Македонија купи четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, во оперативна употреба во силите на Советскиот Сојуз биле од 1978 година, а најмногу дошле до израз во советската војна во Авганистан. Авионите на АРМ имаа неколку борбени летови во конфликтот во 2001 година како поддршка на копнените дејства на безбедносните сили.

 

Непотребно вооружување

Во пролетта 2003 година Македонија декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени и конзервирани. Следната година Министерството за одбрана и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ. Истовремено, од формацијата на АРМ „исчезнаа“ и четири борбени хеликоптери „ми-24“. Оттогаш четирите борбени авиони почиваат на стојалиште во касарната „Страшо Пинџур“ до скопскиот аеродром.

Последниот официјален став на Министерството за одбрана е дека борбените авиони не се опфатени со плановите на одбраната, ниту за модернизација ниту за враќање во формацискиот состав на армијата. „Сухоите“ не постојат во списоците на опрема на АРМ.

Во декември 2011 година заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, изјави дека постоеле размислувања „сухоите“ да бидат модернизирани и да се вратат во употреба како дел од Балканската регионална иницијатива за обезбедување на воздушниот простор (БРААД) преку која НАТО сака земјите од регионот да ги вклучи во единствен систем за набљудување и патролирање на небото, компатибилен со тој на алијансата. Но, досега Министерството за одбрана не донесе таква одлука.

SU_25_ARM

Продажбата невозможна?

Воени извори велат дека не е невозможно авионите да се доведат во состојба за оперативна употреба, но нагласуваат дека тие веќе девет години стојат на сонце и на ветер на воениот аеродром, а „ресурсите им се одамна истечени“, односно голем дел од системот го поминал животниот век, што е проблем и кај леталата што АРМ активно ги употребува. Модернизацијата на „сухоите“ е уште поскап проект. Згора на сè, во меѓувреме е намален и бројот на пилоти оспособени за лет со ваков вид воздухоплов.

Досега се разгледуваа неколку варијанти за судбината на авионите. Набргу откако беа прогласени за вишок, првата идеја беше авионите да се продадат на пазарот за половно оружје, но оваа варијанта набрзо отпадна. Се разгледуваше можноста да ~ се вратат на Украина во замена за транспортен авион „ТУ-74“ или за неколкугодишно сервисирање на хеликоптерите на АРМ. Но, ни оваа опција до денес не се реализира.

SU_25_arm_momentalna_sostojba

Во преговори со западни сојузници една од варијантите беше „сухоите“ да ~ се дадат како донација на трета земја од партнерските држави, а АРМ да добие донација транспортен авион од западен сојузник.

Богата борбена историја

Дизајниран за блиска воздушна поддршка на копнените сили во 1968 година, „су-25“ е единствениот авион со заштитен оклоп што сè уште се произведува. Првиот лет го имал во февруари во 1975 година, а во 1978 година почнува сериското производство на авионот во погоните во Тбилиси, Грузија.

Во досегашниот оперативен век бил во широка борбена употреба. Од советската војна во Авганистан, неговата борбена историја продолжува преку војната меѓу Ирак и Иран од 1980-1989 година, сепаратистичката војна на Абхазија со Грузија во 1993 година, двете војни во Чеченија…. АРМ го користеше овој авион во конфликтот во 2001 година, а во 2008 година беше дел од вооружувањето на двете страни во руско-грузискиот конфликт. Во меѓувреме, бил во борбена употреба во граѓански војни во повеќе африкански држави.

su_25_makedonski

Грузија во 2001 година со израелската компанија Елбит разви модернизиран прототип „су-25KМ’, кој досега нема комерцијален успех. На основата на „су-25“ досега се развиени низа борбени авиони, кои носат други ознаки.

Потсетуваме, уништувањето на авионите и голем дел од арсеналот на АРМ се случи по потпишувањето на договорот со НАТО од страна на Владата предводена од СДСМ. Со тој договор, Македонија изгуби голем дел од вооружувањето, ракетната одбрана, персоналниот состав, се укина и задолжителниот рок, а најзначајното оружје бомбардерите СУ-25 беа извадени од употреба по наредба на северно-атлантската организација, предлог кој го прифати СДСМ.

Денес, оние кои ја запустеа армијата, повторно се обидуваат да го спречат процесот на опремување и модернизирање, а тоа го докажаа преку одбивањето на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This