Што се случува со организмот кога ќе го исфрлите шеќерот од исхраната?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исфрлањето на шеќерот од исхраната има бројни здравствени предности, а слабеењето, однсоно намалувањето на ризикот од нездрава дебелина, е само една од нив.

1. Губење на сало од стомакот

Пресметката е едноставна: доколку сакате да се решите од салото на стомакот, храната богата со шеќери треба да ја замените со храна богата со влакна

2. Зголемена енергија

Кога јадете нешто благо или пиете кафе, чувствувате налет на енергија, по што следува остар пад. Доколку наместо тоа јадете храна богата со здрави масти и протеини кои бавно согоруваат, би имале енергија цел ден.

3. Намалување на желбата за благо

Што повеќе јадете благо, тоа повеќе ќе сакате тоа да го правите и обратно.

4. Подобра работа на срцето

Конзумирањето на големи количини на шеќер предизвикува собирање на лош холестерол, што може да доведе до разни срцеви заболувања.

5. Намален ризик од дијабетес

Што помалку шеќер во организмот, тоа се помали шансите за заболување од дијабетес

6. Подобар фокус

Исхранта богата со шеќер може негативно да влијае на концентрацијата, да ги наруши функциите на мозокот и да ги зајакне симптомите на депресија.

7. Намалување на надуеноста

Иако надуеноста обично се поврзува со солената храна, поради натриумот кој влија на задржувањето на вода во телото, надуност може да се појави и поради претерана конзумација на шеќер.

8. Подобар сон

Американската Национална агенција за сон објави дека постои врска помеѓу лошиот сон и прекумерната конзумација на шеќер во текот на денот. Може да спиете доволно, но сепак да се чувствувате исцрпено.

9. Подобар изглед на кожата

Шеќерот лошо влијае на колагенот, што е важен за младолик изглед.

10. Раст на мускулите

Неколку научни истражувања ги поврзуваат губењето на мускулната маса кај постарите лица со рафинираниот шеќер, кој спречува синтетизирање на белковините во мускулите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This