ШТО СЕ СПРЕМА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Федерацијата на БиХ поседува огромна количина на вооружување, кое и покрај договорот не го уништува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека актуелното Претседателство на БиХ ја променила одлуката за уништување на дел од вооружувањето во Федерацијата БиХ, така да во тој ентитет, во моментот, помеѓу останатото постојат повќе од сто хаубици кои во секое време можат да бидат употребени

„Претседалтеството на БиХ во 2015. година ја промени претходната одлука донесена во врска со програмата ‘Опреми и обучи’ за уништување на значајна количина на вооружување и воена опрема во ФБиХ со што со новата одлука се изема дел од вооружувањето од уништување“, рекол Додик пред новинарите во Сараево.

Тој истакнува дека сите информации кои се во врска со паравојската и „страшното вооружување“ на полицијата на Република Српска е во функција за да се сокрие огромната количина на оружје која го поседува ФБиХ.

„Претставниците на Сојузот за промени, ја засилуваат босанската линија и предавнички се однесуваат кон Република Српска, донесоа одлука да не се уништи оружјето од програмата ‘Опреми и Обучи’ во ФБиХ“, наведува Додик.

Тој потсетува дека таа одлука за уништување на тоа вооружување е донесена во 2010. година кога член на Претседатлството беше Небојша Радомановиќ, а претседавач Харис Силајџиќ.

Со тогашната одлука, појасни Додик, повеќе од 30.000 пушки, 105 хаубици и друго вооружување на некогашната т.н. Армија на БиХ требало да биде уништено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This