Што сокри Русковска?: Каква била комуникацијата на 27-ми април меѓу oбвинeтитe Трајко Вељаноски и Спиро Ристовски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното рочиште во случајот за т.н. организација на 27-ми април беа презентирани дополнителни докази од страна на обвинителството, но и од страна на обвинетите и нивните адвокати. Покрај пораките кои Вилма Рускоска ги промовираше како докази, а во кои се зборува меѓу другото и за поддршката на Бајага и Блага Петреска на протестите за Заедничка Македонија, вниманието го привлече и еден друг факт – доказ за комуникација помеѓу Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски на 27-ми април, кој беше занемарен од страна на обвинителството на Рускоска, пишува Курир.

Поточно, пред неколку месеци кога Обвинителката ги презентираше своите докази, зборувајќи за пораките пронајдени во телефонот на Трајко Вељаноски констатираше дека екс-спикерот на Собранието на 27-ми април имал комуникација со Спиро Ристовски, и обајцата обвинети за наводно организирање на настаните на 27-ми април, но ниту Рускоска ниту нејзиното помладо алтер-его Ивана Трајчева не навлегоа во деталите за комуникацијата меѓу двајцата обвинети на денот на упадот во Собранието.

Чудно, нели? Веројатно е така за сите кои се уште веруваат во теоријата на случајот поставена од Рускоска, а врз „плеќите“ на дежурниот сведок на обвинителството Александар Василевски Нинџа, чии неколку различни верзии на настаните не само што го трасираа патот за драконските казни изречени од Добрила Кацарска во претхониот случај, туку и ги поставија основите за креирање обвинение и за т.н. организатори на настаните, за што меѓу другите се обвинети и Вељаноски и Ристоски.

Но, назад на содржината на пораките кои Рускоска не ги презентираше во јавност, а не им ги даде на увид и презентација ниту на обвинетите во моментите на истражната постапка, за што има законска обвска.

Што сокри Русковска од доказите против Вељановски и Ристовски?

На рочиштето на кое презентираше докази од телефонот на Вељаноски, Обвинителството само штуро и набрзина констатира, согласно податоците, дека na 27-ми април ИМАЛО комуникација меѓу Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски, но истата никогаш не ја изложи, иако за тоа е должно согласно Законот за кривична постапка.

Имено, член 302, став (5) од ЗКП вели дека „Јавниот обвинител е должен да го запознае обвинетиот со доказите што во истражната постапка ги прибавил против него, како и да му ги открие доказите за кои дознал, а кои можат да бидат од полза за одбраната“.

Но, тоа не е случај кога е во прашање доказниот материјал собран при анализа на телефонските комуникации на обвинетиот Трјако Вељаноски со обвинетиот Спиро Ристовски.

Доколку се анализираат пораките помеѓу Вељаноски и Ристовски, ќе се забележи дека тие во период од 25-ти април 2017 до 15-ти мај 2017 комуницираат на една специфична тема, која нема никаква врска со насилен упад во Собранието, организирање и спроведуање на некаков план за терористичко загрозување на уставниот поредок. Напротив, Вељаноски се интересира за одредена специфична стручна тема кај Ристовски, кој во моментот е Заменик-министер за образование.

Шшо зборувале обвинетите за тероризам на 27 април меѓу себе?

Човек би помислил дека две лица кои се обвинети за страшен заговор против државата на самиот ден на немилите настани контактирале на некоја страшна тема поврзана со упадот во Собранието, организирање на немилите настани и се преостанато за што во обвинението ги товари Рускоска.

Но, не е така. Вељаноски и Ристовски на 27-ми април, како и два дена претходно, но и 18 дена подоцна, си пишуваат пораки бидејќи Вељаноски се интересира за одреден инспекциски надзор на Штуловиот универзитет во Тетово, а Ристовски му одговара согласно сознанијата кои ги има.

Пораки од 25 април

ТВ: „Спире, дали отиде комисија во штуловиот универзитет?
СР: „Утре се таму“
ТВ: „Па после тоа нека ти кажат и пренеси ми што пронашле“
СР: „Обавезно“

Пораки од 27 април

ТВ: „Што направија овие во Тетово?“
СР: „Работат“
ТВ: „Изгледа има добар материјал“
СР: „Камбовски и бил во комисија. Тоа е уште поинтересно.“
ТВ: „Мутно е.“
СР: „Да.“

Пораки од 3 мај

ТВ: „Здраво, ај прашај што констатирала комисијата“
ТВ: „Спире, праша за комисијата што пронашла?“
СР: „Не е уште готов предметот, најверојатно утре ќе е“
ТВ: „Во ред. Кажи ми што пронашле“
СР: „Договорено“

Пораки од 5 мај

ТВ: „Спире, праша дали им е готов предметот“
СР: „Да, донесовме решение ама се однесува на документаијата за трудови, празно е досието.“
СР: „Ова ми пратија.“

Пораки од 15 мај

ТВ: „Прашај го инспекторот што направил во Тетово“

Содржината продолжува после огласот

Експерти за новиот органски производ: „Произведен е во САД, а САД потрошија 1,3 милиони за да го развијат затоа што …“
Sponosored by MonadPlug
Значи не само на два дена пред настаните кога наводните организатори (според теоријата на Рускоска) би комуницирале за случувањата во Собранието, ниту на самиот ден на немилите настани, а ни 18 дена подоцна не размениле пораки кои имаат било каква врска со обвинението со кое се соочени Вељаноски и Ристовски.

ДАЛИ „ТЕРОРИСТИ“ НА ДЕНОТ НА „ТЕРОРИЗМОТ“ ЌЕ ЗБОРУВААТ ЗА ИНСПЕКЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО?

На оние на кои им е јасна политиката во обвиненијата за 27-ми април, ова веројатно не им е ниту чудно бидејќи се свесни каква цел имаше првиот случај, но и вториот кој служи „да го оправда првиот“ повеќе од билошто друго. Но, колку и да е исполитизирано и неточно обвинението, Рускоска, Трајчева и колегите од Обвинителството за гонење организиран криминал имаат законска обврска на обвинетите да им ги предочат и доказите кои ги пронашле, а се од корист за обвинетите.

Ако обвинителите не сметаат дека од корист за обвинетите е меѓусебна СМС комуникација на самиот ден 27-ми април, во која зборуваат на „десетта тема“, а воопшто не зборуваат за настаните за кои се обвинети, тогаш имаме проблем не од логичка, туку веројатно од психолошка природа.

Во секој случај, намерното криење докази кои може да ја докажат невиноста на неправедно обвинет човек претставува кривично дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This