ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧИЛО НА СИРИСКОТО НЕБО: Руски пилот кој бил во придружба на загинатиот Филипов со сведоштво за кобниот ден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познаник на убиениот пилот на ловецот СУ-25 Роман Филипов, кој тој ден летал во негова придружба над Идлиб, ги раскажал деталите за борбата со терористите во која мајорот загинал, пишува весникот на Министерството за одбрана на Русија „Црвена звезда“

„Гласот не му затрепери кога го предупредив: Те нишанат! Излегувај! Маневар!“, раскажува пилотот.

Според неговите зборови, Филипов мирно одговорил: “Ме погодија…Добро ме погодија…Пожарот е на десниот (мотор)…Ме занесува на југ…И левиот престанува…Повикај ги спасувачите“.

Потоа следеле неговите последни зборови упатени до колегата: „Иди во облаците“.

Пилотот објаснува дека летањето над зоната на деескалација „Идлиб“ е рутинска задача, но борбена. Таму, подрачјата кои ги контролира Нусра фронт, редовно се гаѓани од минофрлачи и лесно вооружување.

„Кога преносниот противвоздушен ракетен комплекс истрела проектил на леталото на командирот, се се промени. Секогаш го штитев командирот од воздух, но сега требаше тоа да се направи на земја, кога тој веќе се наоѓаше во среде борба. Останав во тоа подрачје и изведов неколку напади, ги гаѓав возилата кои се приближуваа кон маслиновата градина каде што беше Роман. Уништив два автомобили“, изјавува пилотот.

Во исто време, тој продолжи да ги дава координатите на командниот центар. Повика и спасувачка служба.

„Го видов местото каде што се спушти командирот, но не и борбата, беше самрак…Морав да се вратам бидејќи имав гориво само до аеродромот“, заклучува пилотот.

Терористичката група „Тахрир ел Шам“ во сириски Идлиб на 3.фебруари собори руски воен авион СУ-25. Пилотот успеа да се катапултира од авионот. За време на борбите со терористите на земја, активираше граната за да не им падне во рацете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This