ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО СДУНИЦА: Фатиме повторно „одлепи“ во судницата и со дерење одржа политички говор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Фетаи и смета што Никола Груевски и покрај пресудата бил во добро расположение

Постојат сериозни причини судот да размисли околу преиспитување на деловната способност и психичката пресметливост на обвинителката Фатиме Фетаи.

Дури и специјалниот јавен обвинител Катица Јанева треба да ги разгледа настапите на обвинителката Фетаи во судот и да се запраша дали ваква неуротична, конфликтна и лабилна патолошки ексцентрична личност треба да биде лицето кое го преставува СЈО.

Речиси на секое судење Фетаи прави по некој инцидент или вербална расправија со некого, најчесто без потребно, и станува забележливо дека всусшност таа самата не може да го контролира тоа.

Дополнително, таа покажува толку голема лична и политичка нетрпеливост кон повеќето обвинети, што судиите остануваат збунети кога ја слушаат. Се впушта и во неформални политички расправии на сред судење и ги крши сите норми на воспоставени правила на професионално и нормално однесување на обвинител.

Утрово за да се истакне пред медиумите дека нешто паметно кажала, и за да е присутна низ медиумите, симптом на типична патолошка ексцентричнпст и зависност од публицитет во случајот ,,протести пред општината Центар“ , таа за 75 годишен болен човек со скршен пршлен и ставен во косерт и со медицинска белешка од лекар во која стриктно стои дека лекарот бара мирување со лежење, таа безмалку побара да го донесат во судница со креветот.

Потоа одкако отцени дека тоа нема да е доволно за да тој ден таа биде главна вест, ,,истресе,, дека болниот старец за следното рочиште можеби и ќе затрудни.
И конечно со таа за неа ,,паметна мисла,, , а за целата јавност срамно и крајно непрофесионално однесување успеа да си обезбеди место во дневните вести, што ја успокои околу два часа.

Истовремено во налет на еуфорија нашиот јунак „луди Милојко“ побара Никола Груевски стажарно да биде приведен бидејки задоцнил 5-10 мин. со што си обезбеди уште еден наслов во медиумите.

Откако цел ден одбраната и обвинетите кои поставуваа прашања на сведоците беа прекинувани од нервозната и побеснета Фетаи, Груевски сосема културно малку и шеговито изреагира кон судијата укажувајки дека за одбраната и обвинетите се бара да добијат збор од судијата кога сакаат нешто да кажат, а дека обвинителката Фетаи без дозвола на судот секому му упаѓа во зборот без никаква дозвола од судијата.

На тоа Фетаи почна да вика, и со дерење да се брани кон судијата дека имала право на тоа, така што ечеше цела судница.

Потоа таа му префрли на Груевски зошто бил расположен кога знаел каде требало наскоро да оди, на што Груевски со смирен тон и повторно шеговито и возврати дека неговото расположение е негова работа а не нејзина. Таа пак му врати дека се грижела за здравјето на обвинетите, а Груевски и одговори да не се грижи за неговото здравје туку за своето.

И потоа, следуваше вистинска експлозија, канонада од викање и урлање од страна на Фетаи кон судијата а се однесуваше на Груевски, на што реагираа и останатите во салата негодувајки зошто судот и го дозволува тоа.

Потоа Фетаи одржа и краток политички говор полн со гнев и омрза кон Груевски, правдајки се дека таа сега можела вака да му се обраќа на Груевски бидејки поминало времето кога сите му се плашеле, заборавајки при тоа дека токму во периодот додека тој беше Премиер беше секојдневно јавно напаѓан и критикуван од сите кои не се согласуваа со него и дека никогаш немало проблем заради тоа. Тој веќе 15 години е главна мета на безмалку секоја изјава и прес конференција на СДСМ и на неистомислениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Да се однесуваше некој адвокат како Фатиме веројатно веднаш ќе беше казнет од судијата со најмалку 1000 евра а можеби и остранет. Но кој во судот смее да го казни СЈО? Нема таков ,,маж,, таму.

Судијата Јосифовски го прекина судењето и даде пауза, за оваа незрела личност која го преставува СЈО малку да се смири.

Можеби коментарот кој еден од присутните го даде на паузата дадена за смирување на Фетаи е најдобар за завршување на овој текст:

„Груевски и во затвор ќе ја задржи присебноста, смиреноста и ведрината, а ,,претседателката,, Фатиме ќе остане неуротична,незрела и вечно незадоволна, додека е жива. Ќе продолжи да се кара и да навредува по посудници, канцеларии и кафани…“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This