ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА НЕРВОЗАТА КАЈ СДСМ И СОРОСОИДИТЕ: Со победата на Трамп, Сорос веќе нема пристап до американската дипломатија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарите сметаат дека двете најголеми придобивки кои Македонија ќе ги има од претседателствувањето на Трамп се тоа што Џорџ Сорос веќе нема да биде влијателна продолжена рака на американската дипломатија и тоа што новата администрација повеќе ќе се фокусира на внатрешните проблеми на Америка

sorostrump

Победата на Доналд Трамп нема да влијае на позициите на Македонија во Светот, но, ќе се смени погледот на Америка кон Македонија, затоа што Џорџ Сорос веќе нема да има влијание во Американската дипломатија – сметаат експертите.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Американската политика е многу прецизна во однос на нашата земја, трае 25 години со разни администрации кои за Македонија не донесоа ништо добро. Трамп најавува промени кои ветуваат позитивен развој меѓутоа дали тоа ќе се реализира и колку и дали ќе се однесува и на Македонија треба да почекаме. – вели поранешниот дипломат Ристо Никовски.[/kopa_block_quote]

Новинарот Васко Ефтов, пак, вели дека со доаѓањето на Трамп на претседателската позиција, во САД ќе се случи реконструкција на системот што може да доведе до промени на сферите на влијание на микро ниво во Македонија.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Што се случи во САД? Беше решена дилемата: Дали Американците сакаат само варосување или сакаат подлабока реконструкција на својот модел на функционирање. Победи второто. Таа шанса му беше два пати дадена на Обама и не ја искористи. Се задоволи само со варосување на вашингтонската политика. Но фактот дека веќе трет пат Американците гласаат за нетипични претседатели, едниот црнец, а вториот човек кој не е дел од политичката номенклатура, покажува разочараност на граѓаните на САД од досегашната политика и досегашните елити, вели Ефтов.[/kopa_block_quote]

Според Ефтов, елитите имаат три можности за соочување со потресот кој со себе го носи Трамп. Прво, да се обидат институционално или неинституционално да го попречат да дојде до Белата куќа, второ да понудат крупна жртва која кривично ќе одговара, како Хилари Клинтон или Барак Обама и трето да го сменат системот на делување.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Бидејќи во САД не се случи само народ туку и внатрешен конфликт во самите служби. Тој пат го помина Русија пред да дојде Путин на власт. Низ нешто слично ќе поминува Америка. И сега ќе сме сведоци на промена на компромитираните играчи на макро или светско ниво-Сорос и на микро ниво- на пример соросоидите во Македонија, заклучува новинарот.[/kopa_block_quote]

Дека политичката групација која во Македонија се нарекува ”соросоиди”, ќе ја изгуби својата моќ, потврдуваат и бројните настапи на Трамп во предизборието. На скоро секој митинг, новиот американски претседател не штедеше зборови за контроверзниот милијардер Џорџ Сорос и неговите длабоки корупциски врски со демократскиот естаблишмент.

За надворешно политичкиот коментатор Драган Милосављевиќ, пак, најголема придобивка од победата на Доналд Трамп е тоа што тој ќе се фокусира на внатрешен план и неговата администрација нема да се меша во внатрешната политика на балканските земји.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Не може да се очекуваат драстични поместувања во политиката кон Балканот и конкретно кон Македонија, но верувам дека во наредниот период, доколку Трамп си остане на ветувањето дадено во текот на кампањата, неговата администрација повеќе ќе се фокусира на внатрешните проблеми во САД а помалку кон интервенции надвор, вели Милосављевиќ.[/kopa_block_quote]

 

СДСМ и Сорос незадоволни од изборот на Трамп

Негодување за изборот на Трамп во опозицискиот блок и луѓето поврзани со Сорос во Македонија.

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, вели дека е незадоволна од тоа што победил Доналд Трамп а не Хилари Клинтон, но за разлика од овде ги признава резултатите и покрај тоа што медиумите му беа наклонети на само еден од кандидатите.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави Шекеринска.[/kopa_block_quote]

Заменичката на Заев забележала дека скоро сите медиуми во САД и биле наклонети на Хилари и биле исклучително критички настроени кон Трамп. Но, и покрај големата неизбалансираност, Шекеринска не видела потреба од ад-хок тело за мониторнинг на медиумите.

Од изборните резултати незадоволен и новинарот Борјан Јовановски, кој поразот ма Хилари го спореди со терористичкиот напад 09.11.2001 во кој загинаа над 3500 лица.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-По 9/11 на Америка и се случува 11/9 – напиша на Твитер новинарот Борјан Јовановски, кој очигледно мисли дека подобро од Американците знае што подобро за нив.[/kopa_block_quote]

И Бранко Героски удри по волјата на американските гласачи.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Честитам на нашите локални трамповци за победата на војводата Трамп. А на другите, се надевам дека им преседна појадокот. Да видат како е кога губиш од… Ѕоу аре фиред!

 

[/kopa_block_quote]

Игор Мицковски, пак, вели дека победата на Трамп ќе донесе ветар во грбот на Никола Груевски.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Каков ветар во грбот за Груевски и сите диктаторчиња во светот. Трамп е оправдание за сите нив.

 

[/kopa_block_quote]

Љупчо Златев
Вечер

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This