ШТО ЌЕ ГРАДИ ВЛАДАТА ЗА 480 МИЛИОНИ ЕВРА: Клинички или вселенски брод?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска на денешната седница за пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев зошто од Буџетот ќе се издвои огромна сума од 480 милиони евра за изградба на новиот клинички центар, што е 4 пати повеќе од сумата што ја предвидела претходната власт.

Таа изрази сомнеж дека овие пари ќе завршат во нечии џебови.

Здравството ви служи како алатка за неважни цели, преку него само се слеваат пари во нечии џебови. Се сомневам дека ќе понудите услуга како што заслужуваат граѓаните. Дали тоа ќе биде вселенски брод или клинички? Зошто толкава сума кога ВМРО-ДПМНЕ имаше предвидено 120 милиони евра, праша Затуровска.

Премиерот Зоран Заев одговори дека ова сума била предвидена со физибилити студија која била изработена и наследена од претходната власт.

Имавме веќе изработена студија и нема потреба да се тршат пари за нова. Ова е џиновски проект и покрај клинички ќе има и училишта за обука на медицински персонал, студенски домови, истражувачки центри. И сето тоа ќе го градиме на основа на овој документ. Би сакал да ве повикам и вас како опозиција да се вклучите и заеднички да го реализираме овој огромен проект, одговори Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This