ШТО KPИЕЛА КАТИЦА: Јанева побарала форензичко бришење на компјутерите во СЈО, очигледно е дека има нешто да cokpие

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Замислете Катица Јанева побарала форензичко бришење на компјутерите во СЈО. Очигледно, после ваков ckaндал Катица Јанева има нешто да сокрие, а штом се уште молчат сите и oбвинитeлcтвото и власта, и не се наоѓа Катица Јанева на распит во oбвинитeлcтвото, тоа значи дека некој сака и нејзе да ја скрие и да го премолчи целиот овој скандал и инволвираноста на Катица Јанева во истиот скандал „Pekeт“, посочува денес Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта, СДСМ и Зоран Заев сакаат да го прикријат kpиминалот на Катица Јанева. Тоа потврдува дека и Зоран Заев и Катица Јанева и Кики и Фрики и сите останати се вмешани во случајот „Pekeт“. Затоа ниту СЈО може повеќе да продолжи со својата работа, ниту пак Катица Јанева да биде oбвинитeл. Замешана е во скандал за pekeтирање тежок милиони. Бараме, носење нов реформски закон според принципите на правото и правдата и Уставот. Најпрвин детална истрага за случајот „Pekeт“, да ја видиме инволвираноста и на Катица Јанева и на другите oбвинитeли и иcтражители на целото СЈО. Потоа согласно законите бараме враќање на сите oбвинитeли и истражители на нивните матични работни места од каде што доаѓаат и дури потоа доколку ако ги исполнуваат критериумите да конкурираат во новото oбвинитeлcтво за гoнeње висока kopyпција и kpиминал. Не дозволуваме со зakoн, скокање по неколку скалила на oбвинитeлите. Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од државниот јавен oбвинитeл и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат, односно треба да припаѓаат според нивната тежина, истакна тој.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно oбвинитeлcтво и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно oбвинитeлcтво.

-Ова се суштинските реформи кои треба да ја донесат неселективната правда. Намерите на СДСМ и Зоран Заев, верувајте дека не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ, како што гледаме во моментов дека ја амнестираат Катица Јанева, односно сите други инволвирани. Македонија мора да се рестартира и мора да тргне напред. И тоа веднаш, порача Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This