April 26, 2024, 11:27 am

Штeдaчитe твpдaт: Kpиминалните шeми во Еуpocтандард се пpecликани од една друга голема банка во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оштетените штедачи на Еуростандард банка со соопштение до јавноста најавуваат дека до крај ќе се борат за своите права и парите кои им се украдени од страна на банката, во спрега со власта и релевантните институции кои ги затварале очите пред криминалот пред нивните очи.

Ова е нивното соопштение:

Замислете една ваква приказна. Две странски фирми со непознати сопственици вложуваат повеќе милиони евра за да отворат банка во Македонија. Минималниот износ од 5 милиони евра го задоволуваат. Народна банка им дава дозвола и почнуваат со работа. Некои од луѓето на раководни позиции во банката немаат искуство со банкарство, но тоа не ги спречува да раководат и носат одлуки, а на Народна банка тоа воопшто не и пречи. Раководниве луѓе, поучени од други криминални шеми спроведувани од една голема банка во земјата со користење на депозити за делење на непокриени кредити, почнуваат да ги спроведуваат истите во нивната банка. Шемата е испробана и функционира одлично. Одбрани фирми добиваат кредити до милионски суми во евра со сомнителни или без гаранции и однапред договорени да не се вратат. Дадените кредити се од депозитите на оние кои се излажале да доверат пари во банка за којашто Народната банка и првиот човек во неа постојано изјавуваат дека депозитите им се сигурни. Контрола од Народна банка како да нема, а ако има, таа поминува со некакви предупредувања додека раководните луѓе во банката немаат воопшто грижа. Тие масовно и свесно ги распродаваат парите од депозитите во банката и таа пракса продолжува да функционира со години.

После будењето од зимскиот сон, Народна банка одлучува дека е дојдено време да се прекине ваквото безобразно крадење и дека 60 милиони евра им се доволни на крадците од банката, па решава да ја затвори истата. Нема желба а ниту знаење за да се обиде да ја поврати банката од нокаутот, да воведе администрација и да го санира криминалот. Од политички, здравствени или било какви причини Народната банка несака да влезе во таква авантура, па најлесно е да ја затвори банката. Информациите каде реално завршиле парите секако ја знаат не само тие туку и раководните луѓе а и нивните сопственици кои исто така раководат со банката. Тие продолжуваат да се однесуваат како да тукушто пристигнале на оваа планета, а во реалноста уживаат со украдените пари. Некои од информациите излегоа на површина и потврдија дека член од семејството на претседателот на Владата е косопственик на фирма која земала голем кредит и воопшто не плаќала подолг период.

На Народна банка и останува само да го отсвири крајот на уште една утакмица во која таа ништо не видела и незнае што се случувало. Криминалците се задоволни од повреќекратниот поврат на вложените пари во банката, а оние кои ги довериле парите за чување или работење со банката остануваат во неверување дека сево ова може да им се случи. Така излажани, ограбени, понижени и злоупотребени им останува улицата во потрага по вистината и правдата пред државата која сето ова го дозволи и на која очигледно не и е грижа за овие луѓе и фирми.

Оваа приказна не е само сторија со несреќен крај. Ако во други нормални земји каде владеат правото и правдата оваа приказна не се ни дозволува да се случи во реалност, во нашата земја таа не само што е пракса и нормална работа туку е и национална гордост. Криминалците се „невините“ и оние кои заслужуваат да бидат амнестирани и да продолжат да уживаат со украдениот плен. Тоа е така бидејќи е познато дека оние кои ќе украдат многу пари не одговараат и не завршуваат во затвор додека таквиот „луксуз“ им е препуштен на ситните криминалци. Народна банка си продолжува со регуларните активности и припреми за оправдувања кога следна банка ќе пропадне поради нивното соодветно неработење. Останатите релевантни институции пијат кафе и дискутираат што не чини кај другите во нашата земја додека се на работа платена од оние истите на кои им ги украдоа парите.

Ние, оштетените граѓани и фирми, ќе се потрудиме да оваа приказна сепак не доживее несреќен крај. Нашата заложба и крајна цел е да оние кои не ограбиле, почнувајќи од раководните лица и сопствениците од пропаднатата банка, потоа избраните фирми каде се слевале нашите украдени пари како и одбран круг на проценители, адвокати и други мешетари, па се до луѓе од Народната банка кои требале но не контролирале и го дозволиле криминалот да се случува и се развива со години, да одговараат кривично и материјално. Воедно, нашите украдени пари да ги повратиме во целост, а за тоа и препуштаме на државата да одлучи како тоа ќе го направи. Државата која не не заштитила треба да не обештети а не само да биде задоволна од нас кога плаќаме даноци.

И после една од многуте непроспиени ноќи за нас ограбените депоненти, првата утринска вест е дека ќерката на сопственикот на пропаднатата банка ќе го оживува култниот „Кермес“ во градскиот парк во Скопје. Погодете со чии пари, пишуваат оштетените штедачи во писмото до јавноста

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This