Штo ce cлyчyва: Xoландија пpивpeмено ја пpeкина вakцинациjaта со „AcтpaЗeнeкa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандија денес објави дека привремено ја прекинала употребата на вакцините на АстраЗенека против коровирусот до 7 април.

Министерството за здравство вчера соопшти дека вакцинацијата на лица на возраст до 60 години е привремено прекината, но по консултациите со здравствената служба, тие денес одлучија да ја прекинат вакцинацијата на сите со таа вакцина, пренесува Хина

Околу 700 лица постари од 60 години требаше да ја примат вакцината АстраЗенека во следните денови, но нивната вакцинација исто така беше привремено откажана.

По вакцинацијата, имаше пет случаи на згрутчување на крвта, кај жени на возраст од 25 до 65 години. Едно лице почина.

Во тек се истраги за да се утврди дали случаите биле предизвикани од вакцинација, соопштија властите.

Досега околу 400 000 луѓе во Холандија се вакцинирани со вакцината АстраЗенека.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This