March 29, 2024, 10:55 am

Шуга во училиштето „Владо Тасевски“ во Козле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повторно се појави шуга во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле. Школото сега не работи. Родителите и децата вознемирени откако втор пат годинава, се јавува опасност од оваа зараза. Учениците кои денеска дојдоа на настава пред камерата на Алфа велат наставниците им кажале да не влегуваат внатре, зашто во училиштето ќе се врши дезинфекција.

Алфа побара одговор од менаџментот на училиштето, но таму ни рекоа дека биле зафатени со прскање на училниците и немале време да кажат која била причината за оваа зараза.

– Прскаме, не може ништо да кажеме, јавете се во Општината, директорката не може да зборува, зафатена е со прскање на училниците, велат од училиштето.

Неофицијално, шуга е откриена и потврдена кај едно дете од второ одделение, а постои сомневање дека се заразени и други деца.

По информациите дека има шуга, директорката на училиштето „Владо Тасевски“ денеска не беше расположена за коментар, од таму не препратија во Оптштината.

По информациите дека во школото се појави шуга, од општина Карпош се огласија преку соопштение во кое сметаат дека нема простор за паника, бидејќи станувало збор за едно дете, а како причина за шугата наведуваат недоволна семејна грижа за личната хигиена.

– Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга. Инфективното заболување е присутно кај едно лице, ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето, пишуваат од Општина Карпош.

Редовната настава во училиштето ќе продолжи во понеделник. Инаку, во март годинава, две деца од истото основно училиште имаа шуга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This