ШУЛИН: Има јасен победник на изборите во Македонија и лидерот на таа партија треба да состави Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија има јасен победник на парламентарните избори и лидерот на таа партија треба да добие мандат за формирање Влада. Нешто друго ќе биде многу опасно и јасно кршење на волјата на мнозинството граѓани на Македонија.

sulin

Ова го порача денеска искусната пратеничка во Европскиот парламент, Патриција Шулин, во изјава за МИА. Според Шулин, како што јави дописникот на МИА од европската престолнина, европската демократија не познава победа на избори преку гласови добиени на т.н. „зелена маса“, додека гласачите го направиле својот избор на фер и демократските избори.

– Македонија имаше успешен изборен ден, без забележани нерегуларности, што беше нотирано и од страна на ОБСЕ/ОДИХР, а истото потврдено и поздравено и од страна на Европската унија. Тоа е многу важно, па ниту една партија не може да тврди дека изборите биле наместени. Како резултат на тоа, сега Македонците може да започнат со процесот на заздравување и конечно да се стави крај на политичката криза која ја зафати земјата, вели Шулин.

Според Шулин, за официјален Брисел и меѓународната заедница нема двојби кој ја остварил победата на предвремените парламентарни избори во Република Македонија и кој треба да ја составува идната македонска влада:

– Гласачите го дадоа својот глас, а победникот со најмногу гласови излезе да биде ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа ним треба да им биде дозволено да ја формираат следната влада, конкретна е Шулин.

Сепак, европратеничката од редовите на Словенечката демократска партија (СДС) е особено изненадена од податокот што опозициската СДСМ во Македонија, вечерта по изборите прогласи мирен изборен ден и победа, за утредента, откако Државната изборна комисија ги објави конечните резултати, според кои победила ВМРО-ДПМНЕ, да го негира резултатот и да поднесува пријави за да добие победа на „зелена маса“.

– Европската демократија не познава победа на избори преку гласови добиени на т.н. „зелена маса“. Секоја поразена партија треба да има доволно мудрост и самопочит да го признае поразот. Секаков вид тактика на одложување за тоа да се направи создава многу опасна ситуација, а и е контрапродуктивно за таа партија. Според официјалните резултати од Државната изборна комисија, Македонија има јасен победник и лидерот на таа партија треба да добие мандат за формирање на Влада. Нешто друго ќе биде многу опасно и јасно кршење на волјата на мнозинството граѓани на Македонија. Како резултат на такво нешто, земјата може да се најде во многу подлабока и пролонгирана политичка криза, децидна е европратеничката Шулин.

А, за тоа што актуелната владејачка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, според мандатите, во новиот состав на македонскиот парламент имаат мнозинство и дали очекува тие да формираат Влада, како волја на мнозинството гласачи на изборите и како таквата ново-стара Влада на Македонија очекува да функционира во иднина, пратеничката во Европскиот парламент од словенечки СДС со одговор:

– Како што реков, партијата што освои најголем број гласови и мандати треба да ја формира следната влада. Се друго ќе биде многу нефер кон гласачите и контра-продуктивно. Секоја друга варијанта ќе ја однесе земјата уште далеку од европските демократски процеси и ќе ги уништи надежите за Македонија да стане дел од ЕУ во блиска иднина, вели Патриција Шулин.

Искусната политичарка од Словенија, смета дека видот на политичката криза овие две години во Македонија, според неа, направи Македонија да изгледа многу лошо во очите на меѓународната заедница и затоа порачува дека таа треба да дојде до својот крај со овие избори, преку почитување на основните демократски принципи и вредности.

– Победничките партии треба да ја формираат следната влада и да продолжат со програмата што повторно ќе ја донесе Македонија на патот на евро-атлантските интеграции и продолжување на економските успеси што земјата ги уживаше под раководство на ВМРО-ДПМНЕ пред политичка криза да започне пред две години. Треба да се задржи земјата како шампион за привлекување на странски инвестиции на Балканот и како една од најдобрите во Европа за правење на бизнис, според ранг-листа „Дуинг бизнис“ на Светска банка, заклучува европратеничката Шулин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This