ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ ШТИТИ ДРВОКРАДЦИТЕ СО ОРУЖЈЕ: Локалните шерифи во Крушево со автомати малтретираат граѓани и се фотографираат за фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните бараат одговорност, поради разбојништвото кое го прават локалните шерифи вработени во шумската полиција. Според наши информации лицето кое е фотографирано со огнено оружјее Јанче Јанески поранешен професор во средно шумарско во Демир Хисар, кој е близок пријател на директорот на Македонски шуми Зоран Ѓеоргиев кој е поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Кавадарци.

 

Тој сега поставен вработен на работно место во ШС Липа Крушево како контролор на превоз на камиони, но сепак нема дозвола за огнено оружје и нема задолжено огнено оружје. По последниот скандал со фотографиите од полициски џипови кои превезуваат украдени дрва, постои сомнеж дека тој наместо да ги гони ги заштитува ловокрадците во крушевско. Според информации кои стигнаа до нашата редакција тој го злоупотребил и своето службено возило Дачија Дастер со рег ознаки СК8319АК со кое вчера заминал на митингот на СДСМ во Струга.

-Комарецот ја цеди, а камилата гопроголтува. Оливер овој вработен во Липа Крушево со огнено оружје што го истакнал, законски не смее да го поседува кај го нашол и кој му го дал??? Бараме одговорност но молчиш а ние со докази излегуваме, нека гледа јавноста дека има паравојска во Крушево без ознаки а наоружани со огнено оружје. Ако вие сега не преземате ќе дојде друго време кога престапниците ќе платат, коментираат граѓаните на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This