Шaмар за Трамп: Германија и Франција ги нaпуштија преговорите за реформата на СЗО поради наметнувањето на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија и Франција ги нaпуштија преговорите за реформата на Светската здравствена организација, како резултат на обидите на Соединетите држави да го водат главниот збор во преговорите, иако Вашингтон претходно одлучи за Америка да ја напушти таа организација.

Овој потег на Германија и Франција е удар за американскиот претседател Доналд Трамп затоа што Вашингтон, кој моментно е претседател на Г7, се надеваше дека ќе објави нацрт на заеднички план за реформа на СЗО во септември, два месеци пред претседателските избори во САД.

Соединетите држави во јули објавија дека ќе го напуштат СЗО за една година, откако Трамп ја обвини организацијата дека е премногу блиску до Кина и за лошо управување со пандемијата на коронавирус, што СЗО ја отфрли.

„Никој не сака да биде вклучен во реформскиот процес и да добие нацрт за тоа од земја која штотуку ја напушти СЗО сама“, рече висок европски претставник и преговарач.

На прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на владите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментари.

Во меѓувреме, француското Министерство за здравство објави: „Соединетите држави не треба да бидат лидер во реформите во СЗО, откако објавија дека имаат намера да ја нaпуштат таа организација“, пренесуваат агенциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This