Шaнca зa живoт: Зa пpвпaт во Македонија во „Аџибaдeм Cиcтинa“ извeдeнa фoнтaнoвa oпepaциja кaj дeтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фонтанова операција кај дете е изведена месецов во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Оваа интервенција е прва ваква операција во земјава, а се изведува кај деца родени со еднокоморни срца. Доц. д-р Владимир Чадиковски вели дека овој тип операции се на врвот на комплексноста во педијатриската кардиохиругија. Бараат тимска работа за подготовка, дијагностика, хируршки третман, но и постоперативен третман во услови кога станува збор за исклучително тешки пациенти. Со ова Клиничката болница „Аџибадем Систина“ уште еднаш потврдува дека е лидер во земјава и во регионот по изведување тешки интервенции на најсовремена опрема како во развиените болнички центри во светот.

„Оваа интервенција се изведува кај комплексни вродени аномалии на срцето како што се трикуспидна и митрална атрезија, како и кај комплексни вродени аномалии каде што не е возможна бивентрикуларна корекција. Овие пациенти уште по самото раѓање манифестираат изразена симптоматологија, најчесто со значајна цијаноза и конгестивно срцево затајување“, вели доц. д-р Чадиковски.

Инаку, Фонтановата операција се прави кога пациентот има повеќе од 15 килограми, односно на три или четиригодишна возраст. Во конкретниот случај, детето прво било оперирано како шестмесечно бебе кога бил направен бидирекционален Гленов шант (анастомоза). Тоа е палијативна операција која се прави кај овие пациенти во доенечка возраст. Сепак, една недела по таа интервенција поради нарушување на срцевиот ритам е вграден и траен пејсмејкер во абдоминалната празнина. Оваа таканаречена Гленова операција е мост до финалната Фонтанова операција.

„Предуслов за изведување на успешна Фонтанова операција е да се изведат дијагностички катетеризации на срцето од страна на интервентен детски кардиолог со цел да се измерат точните притисоци во пулмоналната циркулација, кои се многу важен предиктор за успешноста на операцијата. Кај нашиот пациент се изведени две катетеризации за предоперативна проценка, и кога се утврдија притисоци кои се соодветни, се пристапи кон хируршка корекција. Самата операција е дополнително покомплексна бидејќи во истиот оперативен зафат требаше да се замени и постоечкиот пејсмејкер кај пациентот со нов поради неговата дотраеност“, вели доц. д-р Чадиковски.

Операцијата траела повеќе од пет часа, а лекувањето било продолжено на одделението за интензивно лекување на педијатриски кардиохируршки пациенти. Она што е важно е што веќе следниот ден пациентот бил деконектиран од респираторната машина и докторите го намалиле третманот со лекови за поддршка на работата на срцето.

Моментално пациентот се чувствува добро и полека се подготвува за трансфер на одделение заедно со родител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This