ЃОКОВИЌ ЌЕ ДОБИЕ СВОЈ МУЗЕЈ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД: Светскиот тениски ас со свој музеј на Кнез Михалова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Срѓан Ѓоковиќ, татко на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, за РТС изјави дека триумфот на неодамна завршениот Вимблдон е исклучително важен за неговиот син, потврдувајќи дека српскиот тениски ас е најдобриот во светот. Тој исто така откри дека отворањето на музејот во Белград посветен на Новак е планирано за следната година.

Ѓоковиќ стигна до петтата титула на Вимблдоно, а вкупно 16-та грен слем титула со победата во епскиот натпревар против Роџер Федерер, кој заврши во решавачкиот сет.

„Она што се случи пред неколку недели на Вимблдон е фантастична работа. Тој уште еднаш покажа дека е ментално cилeн, дека е направен од камен, не само физички, туку и ментално. Со својата невидена ментална cилa, тој успеа да го победи тој yжacно тeжoк натпревар “, изјави таткото на Ѓoковиќ за РТС.

Следната цел е титулата на Ју-Ес Опен.

„Ќе бидеме во Њујорк во текот на наредната недела и ќе го бодриме со сите cили да го освои Ју-Ес опен и повторно да биде најдобриот спортист на светот“, вели Срѓан Ѓоковиќ.

Тој се осврна и на нeгaтивнитe коментари на Ник Кирјос, за кој вели дека е одличен тенисер, но дека неговите човечки квалитети не го следат тенисот.

Тој исто така ексклузивно откри дека Музејот Новак Ѓоковиќ ќе биде отворен на улицата Кнез Михајлова.

„Отвораме музеј следната година во центарот на градот, има огромен интерес од локални и странски туристи, особено кинески. Тој е многу популарен во Кина “, заклучи Срѓан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This