ЃОРГИЕВ ЈА КАЖА ВИСТИНАТА: Заради Преспа нема македонски, има „историчари од РСМ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не гледам ништо ново. Тоа е генералниот став на сите лингвисти во Бугарија. Но, ова ги доведува во апсурдна ситуација и односите меѓу двете земји, а секако и работата на заедничката Комисија, вели за Дојче веле, историчарот и шеф на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците, Драги Ѓоргиев, откако синоќа Бугарската академија на науките усвои став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик“.

Според Ѓоргиев, ваквата атмосфера доминирала и на состаноците на Комисијата. Неговите бугарски колеги во разговорите избегнувале во историска смисла да ги користат термините „македонски јазик“, „македонска нација“, „македонска култура“. До неодамна, во записниците за работата на Комисијата се користеле термините „македонската страна“ и „бугарската страна“, но од последните два состанока во употреба бил друг термин: „историчарите од Република Северна Македонија“. Избегнувањето на придавката „македонски“ го објасниле со одредби од Преспанскиот договор, каде таа не се користи за институции и тела формирани од државата, а во тој корпус спаѓала и Комисијата како тело формирано од Владата.

-Не може да се разговара за градење добрососедство ако ја негираат нашата историја од втората половина на 19. век до 1944 година, и ако владее ставот дека во 1944 година со декрет сме станале Македонци во федеративна Југославија, вели Ѓоргиев.

Според него, ако сме две земји со испреплетена историја, и ако Бугарија очекува да израснеме во однос на некои прашања од минатото, тогаш и Бугарите треба да израснат во однос на прашања од сегашноста.

-Само така може да се направи чекор напред, вели Ѓоргиев, кој во потегот на БАН не гледа пример што води кон тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This