Ѓорчев: Анкетите кои се веродостојни велат дека има огромна предност за ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сме земја во која никој не размислува да инвестира, не така одамна бевме во првите десет земји привлечни за инвестиции, често имаше инвестиции, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Ѓорчев рече дека е многу едноставно да се обнови Македонија, тоа се прави со работа и со програма.

-Заев лаже секој ден, лаже ќе дојдел Гугл и Фејсбук, пет пати го најави клиничкиот центар, а шајка не заковаа. Производството и извозот што го имаме е она од ВМРО-ДПМНЕ, но требаше да се продолжи со тоа. Од ситуација во која ништо не се случува ќе влеземе во нова фаза, рече Ѓорчев.

Анкетите кои се веродостојни велат дека има огромна предност за ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас очекувам да биде и поголема, бидејќи има многу неопределени, а тие главно одат кон опозицијата, кон ВМРО-ДПМНЕ. Во анкетите ако се неопределени ги прашуваме и за други прашања како дали сте задоволни од владата, колку сте задоволни и велат не, а на крај за кого ќе гласате велат не знам, објасни Ѓорчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This