ЃОРЧЕВ: Граѓаните се врховен арбитар, тие на избори ја бираат Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денес повторно е на терен меѓу граѓаните. Тој оствари посета на Брвеница, Седларце, Лешок, Непроштено и повеќе други места во општина Теарце.

gorcevv

Ги слушна потрбите на граѓаните од овие населени места и со нив разговараше за проектите кои ги спроведува владејачката партија, но и за низа нови мерки од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев им порачал на граѓаните со кои оствари средба дека Македонија ќе излезе од кризата во која беше втурната од страна на СДСМ.

-Македонија покажа дека е доволно силна да ги издржи овие удари и да ја надмине кризата. На 11-ти декември претстои битка за Македонија во која граѓаните ќе порачаат дека цврсто стојат на позициите на македонска државност, дека цврсто стојат на позициите на македонската самостојност и нивното право да одлучуваат за нивните работи. Само граѓаните на Република Македонија ја бираат Владата. Тие се врховниот арбитар, тие даваат или земаат власт.  11-ти декември ќе биде денот кога граѓаните на Република Македонија, демократски, со ливче во раката, ќе одлучат за оваа држава од позициите на македонска државност и правото на избор, порача Ѓорчев.

gorcev-tearce

Во придружба на Ѓорчев на денешните средби со голем број на граѓани беше и Владимир Неловски, лидер на партиската пладина на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This