April 24, 2024, 11:10 pm

ЃОРЧЕВ ДО ОБСЕ: Во Македонија се случува политичко нacилство, прогон, изборни кpaжби и економски колапс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред парламентарците на парламентарното собрание на ОБСЕ за време на зимската сесија во Виена, како и посебно обраќање пред пратениците од групата на ЕПП.

Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на ситуацијата во Република Македонија, кршењето на правото, деградираната правна држава и политичките прогони кои власта секојдневно ги прави.

Ѓорчев пред парламентарците на ЕПП во ОБСЕ го презентираше и најновиот пример на нacилие од страна на власта, односно претепувањето на Јанакиески и Ристовски во пpитвоp, како и апсурдните обвинувања за “теpopизам” кон поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски.

Ѓорчев истакна дека е недозволиво во една демократска држава пpитвopените граѓани да не се чувствуваат безбедни и властите да не ја гарантираат нивната безбедност. Овие оценки на Ѓорчев беа повторени во повеќе дискусии од пратениците во ЕПП групата, која што подоцна се огласи со соопштение.

Ѓорчев зборуваше за невиденото иселување од Македонија, растечкиот кpиминал, но и за непотизмот кој се шири како епидемија во секоја пора на македонското општество.

Беше констатирано дека Република Македонија треба да се погрижи за воспоставување на принципот на владеење на правото, како и да се обезбедат независни институции.

На крајот, Ѓорчев побара ОБСЕ и ЕПП силно да се вклучат во мониторингот на претседателските избори, затоа што власта на СДСМ докажа дека нема волја, ниту капацитет да организира фер и демократски избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This