ЃОРЧЕВ ДО РЕМЕНСКА: Ако Ќосето беше револуционер со оружје, денес народот на Македонија се револуционери со пенкало кои ќе кажат големо НЕ за сите кои ја разнебитуваат државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничката министерка за труд и социјална политика го окарактеризира Андон Ќосето како ликвидатор и убиец, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ преку фејсбук статус и одговори на Фросина Ременски.

vlatkogjorcev-768x431-1-640x359

Во продолжение погледнте го статусот на Ѓорчев.

Фросина Ременски за Андон Ќосето напиша дека е убиец и ликвидатор.

Андон Лазов Јанев (Ќосето) на свои 90 години возраст на Лазар Колишевски му напиша:

“Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во кој ние гледаме надеж дека скоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ да живее еднаш засекогаш по еден покрив”.

Може ли 90-годишен човек, современик и соборец на Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, Никола Карев и Ѓорче Петров, човек кој го памети историјата и народот како борец за Македонија, да биде ликвидатор и убиец, како што со презир и ароганција го опишува Фросина Ременски.

Тој е дел од историското време, дел од револуционерната борба, како многу македонски револуционери од 19-от век, периодот на Илинден и почетокот на 20-от век.

Чудно, но судбината си поигрува, па иако се различни, предизвиците со кои денес се соочуваме се со подеднаква тежина.

Ако Андон Ќосето сонуваше за слободна и суверена Македонија, денес ние работиме за нејзино сочувување во период кога наголемо се тргува со нејзино кантонизирање и федерализирање.

Ако Андон Ќосето беше револуционер со оружје, денешните генерации, народот на Македонија, се револуционери со пенкало, и на тој начин ја водат сегашната борба за Македонија.

Истото пенкало е најсилното оружје на народот, кој ќе го испорача одговорот на 11-ти декември. Тој одговор е против сите оние кои ја разградуваат државата и создаваат криза.

Големо “Да” за самостојна, суверена, демократска и европска Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This