Ѓорчев: Намерата на власта и Царовска е со нивната реформа да ги избpишат македонските книги, историјата и идентитетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со реформите на Царовска и власта во образованието и воведување на само дигитални учебници се крие намера за бришење на историјата, бришење на македонските книги и македонскиот идентитет, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што мисли народот“ на ТВ Стар.

Ѓорчев вели дека никој не е против дигитализација, напротив ВМРО-ДПМНЕ, прва започна со тоа, но власта со овие т.н. реформи сака идеолошка интервенција и намери кои се поинакви од тоа што го кажуваат во јавност.

– Светот се дигитализира, а ако некој ја донесе дигитализацијата во Македонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа преку компјутер за секое дете. Имаше илјадници компјутери и не зависевме од донација на фирми, ако даде 20 компјутери па месец дена да се сликаме со тоа. Дигитализација е потребна, но тоа не треба да ги дерогира печатените учебници, книгите. И на Харвард, Принстон, Оксфорд, на најдобрите универзитети во целиот свет се учи од книги. Сега заради каприците на Мила Царовска, ние треба да осакатиме цели генерации и десетици илјади деца, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев нагласи дека за да не се случи осакатување на идните генерации потребен е сериозен пристап, и иако дигитализација е потребна, сепак првенствено мора учениците да имаат печатени учебници.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This