ЃОРЧЕВ: На референдумот граѓаните испратија порака, не се согласуваат со промената на името на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев гостуваше на ТВ Ирис во Штип. Во врска со претстојните претседателски избори, Ѓорчев истакна дека огромното мнозинство на граѓани се незадоволни од вкупните состојби во државата.

-Поради тоа власта ќе доживее многу, многу непријатно изненадување од народот. Заев и министрите беа многу самоуверени за референдумот, но народот им испрати јасна порака дека е против промената на уставното име Република Македонија. Македонскиот народ и сите граѓани се силно приврзани за уставното име Република Македонија, а власта на СДСМ тоа упорно го игнорира-
Во делот на економските политики, Ѓорчев констатираше дека се случува економски дебакл на Владата кој се гледа во сите клучни индикатори.

-Источна Македонија е целосно запоставена и заборавена од оваа власт, а ништо подобро не е во останатите делови на Македонија- подвлече Ѓорчев, додавајќи: -Невиденото иселување и егзодус од Македонија што се случува во моментов најдобро ја илустрира актуелната состојба. Државата снемува луѓе и тоа е најсилниот демант на целата розова реторика на Зоран Заев и неговите 30 министри. ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на програмата, која ќе биде претставена во следниот период и која ќе биде спроведена од Владата предводена од Христијан Мицкоски-

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This