ЃОРЧЕВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИPИ: ВМPO-ДПМНЕ ќе продолжи да ги развива силните билатеpaлни односи на Македонија со САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот и меѓунаpoден секретар на ВМРO-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави. Во рамки на неговата посета Ѓорчев оствари средба со претставници на Стејт депарментот, а се сретна и со Даниел Твининг, претседател на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) од Вашингтон.

 

 

 

Ѓорчев на средбата во Стејт департментот се сретна со Дејвид Костеланчик, новиот директор на одделот за јужна и централна Европа, заменик директорот Мајкл Константино, како и Џил Дитрих од канцеларијата за Македонија, кои ги информираше за актуелните политички состојби во Македонија.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги развива силните билатерални односи на Македонија со САД, како и стpaтешкото партнерство базирано на договорот од 2008 година. Македонија ќе биде активна членка на НАТO алијансата, заедно со нашите сојузници од евро-атлантската заедница, изјави Ѓорчев.

Тој ги информираше соговорниците и дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува сериозна и конкретна програма за привлекување на инвеститори и нови фабрики на компании од САД во Македонија.

Со напорна работа и економските политики на ВМРО-ДПМНЕ ќе настојуваме да донесеме уште повеќе инвеститори од САД, како и Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Холандија, Белгија, Австрија и други земји, посочи Ѓорчев.

На средбата со претседателот на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Даниел Твининг, беше констатирано дека ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на политичките обуки, кампањи, комуникација со гласачите, надворешната политика и другите аспекти на политичката соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This