April 25, 2024, 10:29 am

ЃОРЧЕВ: Нема работа за која Заев нема излaжано!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доаѓа Пржинска влада и ќе има одговорност Во вечерашната емисија на Александар Чомовски „Отворено студио 1“ на тема „Што после Берлин и Брисел“ или „Првите реакции по средбата на Заев и Пендаровски со Меркел и Туск“ разговараа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски.

Ѓорчев истакна дека Република Македонија влегува во последната година од влaдеењето на Заев и СДСМ и ќе има Пржинска влада. „На премногу страни Заев има ветено. Тој е во една ситуација која во подолго време во подолги години на секој му кажува она што тој сака да го чуе. На сите им вети, но најважно од се, како премиер, ги излaжа граѓаните и го излажа народот. Нема работа за која не е излажaно.

За Референдумот, уставното име на Република Македонија, внатрешните консталации, за економијата да не збориме, на локално ниво може да раскажуваме до утре за ветените проекти. Тој е уморен од ветувања и од лaжење. Не може цело време да ги лaжете сите. Доаѓа Пржинска влада. Тоа е во Законот. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министерства, ќе има министри и заменици. Заев си заминува и ќе има одговорност, рече Ѓорчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This