Ѓорчев повторно се враќа во политиката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржал седница на која е разгледувана актуелната политичка и економска ситуација, а биле донесени и повеќе кадровски решенија.

Извршниот комитет донесе одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев се именувани за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ, а Иванка Василевска за координатор на централните комисии на партијата.

Извршниот комитет донесе одлука за избор на Игор Здравковски за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Велес.

Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети и тоа во Берово, Босилово, Богданци, Делчево, Дојран, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново Село, Прилеп, Радовиш, Струмица, Василево и Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This