April 16, 2024, 10:58 am

ЃОРЧЕВ: Следната македонска влада ќе ја состават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев денеска имаше обраќање пред генералното собрание на Европската народна партија, во рамки на неколкудневната официјална посета на Брисел којашто ја реализираат заедно заедно со потпретседателот, Александар Николоски.

Владимир Ѓорчев во своето обраќање политичките колеги од ЕПП ги запозна со катacтрофалните состојби во Македонија.

Ѓорчев го истакна влошyвaњето на економската состојба во Македонија откако Заев е на власт.

Владината кopупција стана секојдневие во државата, се повеќе се гyшaт медиумските слободи, а пак политичкиот пpoгон е факт. Егзодусот од ден во ден се повеќе се зголемува, со еден збор земјата секојдневно назадува.“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев информираше и за растот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста и на анкетите. „ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ и тоа ќе значи победа на следните парламентарни избори“, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев нагласи дека следната македонска влада ќе ја состават ВМРО- ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тогаш таа влада интензивно ќе работи на европската агенда и ќе соработува со Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лејен од редовите на ЕПП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This