April 20, 2024, 12:14 am

ЃОРЧЕ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ И ФЕКАЛИИ: Градоначалникот по кафани, најмладите си играат во ѓубре и фекалии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само Карпош, Центар и Гази Баба, туку и Ѓорче Петров е затрупано во ѓубре и смет, а најмладите се принудени да си играат во бактерии и фекалии

Сликиве се направени сега, во паркчето во Хром, популарна “Пољана”.
Местово е затрупано од ѓубре до таа мера што се контаминирани и игралиштето и реквизитите за вежбање како и за играње на дечињата.
Тука, во оваа мини-депонија играат нашите дечиња, покрај масакрот што ни го приредивте со комарците, ова е уште една отворена закана по здравјето на нашите најмили.
За централниот парк во Ѓорче Петров и за ова паркче во Хром одговорни се Град Скопје (читај: ЈП Паркови и зеленило), а за хигиената и безбедноста на истите општина Ѓорче Петров.
Од сликите можете да видите на кое ниво ја имаат завршено својата работа.
И воопшто не ни е гајле како и што ќе превземете, страницава ја наполнивме со слики од диви депонии, важно ни е КОГА нешто ќе превземете.
Фатете се за работа веќе еднаш, АМАН. – се жалат жителите на скопската општина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This