ЃОРЃЕ ИВАНОВ ИМ ПОВТОРИ НА БРИСЕЛСКИТЕ БИРОКРАТИ: Не!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов уште еднаш му кажа „НЕ“ на Брисел кога станува збор барањето да се предаде мандатот за состав на нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев

gjorgje_ivanov

Иванов, денес на претседателот на Советот на Европа Доналд Туск му го пренесе неговиот став во врска со тоа прашање е непроменет.

Заев, заедно со потписите на ДУИ, БЕСА и Села успеа да собере парламентарно мнозинство од 67 пратеници под услов тој да ја прифати „Тиранската платформа“, што па е пречка Иванов да му го довери мандатот за состав на нова влада.

Иванов смета дека политичките лидери треба да се занимаваат со спроведување на реформи, а не со албански платформи.

„Разговарав со Туск за актуелната политичка ситуација во Македонија. Знам кои ми се уставните обврски како претседател и знам што е пракса во Македонија од 1992 годиа, кога станува збор за начинот на давање на мандатот. Мојот став е многу јасен и останува непроменет“, изјави Иванов за новинарите по разговорите со Туск.

Туск изјави дека на Македонија и е потребно единство и нагласи дека политичката криза ја кочи земјата на патот кон ЕУ.

„Оваа продолжена криза продолжува да го кочи евроатлантскиот пат на Македонија. Вие сеуште не можете да најдете решение кое се заснова на демократските принципи и пристојноста на здравиот разум. Само такво решение може да биде одржливо. Кога ќе најдете такво решение можете да сметате на нашата поддршка“, рече Туск.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This