ЃОРЃЕ ИВАНОВ СО ОСТРА КРИТИКА ДО ЕУ: Европа не ги поддржува капиталните проекти во Македонија, но Македонија ги поддржува кинеските мегапроекти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Ѓорѓе Иванов на конференција Кина – Централна и Источна Европа која се одржа вчера во Охрид упати остра критика до Европската Унија за немање интерес за поддршка на крупни капитални инфраструктурни проекти во Македонија.

„Македонија сака да биде дел од ЕУ во која постои слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал. Но за рамноправно да се вклучиме во европскиот економски простор, неопходно е да сме рамноправен дел и од европските патни, железнички и енeргетски коридори. На ова поле се соочуваме со парадокс. Бидејки ЕУ се уште не ги подржува крупните инфраструктурни проекти одлучивме со поволни кинески кредити од иницијативата 16 плус 1, да градиме важен дел од Коридор 8“, изјави Ѓорге Иванов, претседател на Р.М.

Иванов во Охрид најави дека Македонија ги поддржува проектите „Еден појас, еден пат“, железничкото поврзување на Пиреа со Будимпешта како и проектот на водено повзување на Дунав, Бардар и Егејското море.

Експертите учесници на конференцијата објаснуваат дека на регионот му се на располагање големи финансиски средства од Кина кои можат да се искористат, но дека за тоа е потребна поголема работа од страна и владините институции.

„Има многу финансиски можности.Механизмот 16 плус 1 кој вклучува 16 држави од Централна и Источна Европа и Кина. Првиот механизам беше тежок 10 милијарди долари и од тој механизам се финансира се и автопатот кој го градат кинезите во Македонија. Ја имаме азиската развојна банка која во моментот држи 50 милијарди долари. Многу е важно да се дојде со некој конкретен предлог но треба да се има во предвид дека кинезите не го работат тоа затоа што имаат многу пари туку дека мотив е бизнисот“. – изјави во Охрид Матеош Рашкович, универзитетски професор од Љубљана

„Кина веќе работи некои инфраструктурни проекти во Македонија и се однесуваат во најголем дел на патната инфраструктура. Од договорот на компаниите со едната или другата страна зависат сите други проекти кои ќе се реализираа во иднина.Првиот и најважен дел од нашата понатамошна соработка е да го продлабочиме меѓусебното разбирање“. – вели Дејун Цао- универзитетски професор од Кина

Заклучокот е дека компаниите од Македонија и Кина треба да се запознаат многу подобро но и да пронајдат проекти кои ќе бидат од корист на двете држави.

Еден од главните стратешки предизвици на САД и ЕУ во регионот е да го намалат влијанието на Русија и Турција но Вашингтон и Брисел не се среќни ни поради се поголемата економска пенетрација на Кина на Балканот кој што за Пекинг е најкраткиот пат за пласман на кинеската стока во централна Европа.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This