ЃОРЃЕ ИВАНОВ ЈА ПОСЕТИ КАРАУЛАТА „МЕЏИТЛИЈА“: Врховниот командант во инспекција на подготвеноста на АРМ за спречување на мигрантската криза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на воените сили на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ја посети воената караула „Меџитлија“ на македонско-грчката граница и се увери во подготвеноста на македонските сили за спречување и превенирање на мигрантската криза во тој дел на државата.

gjorgje_ARM

На средбата со припадниците на АРМ и граничната полиција, претседателот Иванов беше информиран за безбедносната состојба на јужната граница која е прогласена за кризно подрачје.

– Како што е познато од јуни 2015 до јуни 2017 прогласивме кризна состојба заради заканите од илегална миграција која доаѓа од страна на нашиот јужен сосед. Нашите припадници на армијата го контролираат теренот и пред вид ги имаат сите можни предизвици кои може ние да ги имаме како земја од илегалната миграција. Припадниците на армијата ме информираа за сите нивни досегашни зафати и се што е преземено да се превенира и спречува илегална миграција. Иако најголемиот удар го имаме на граничниот премин кај Гевгелија и Дојран, сепак и тука во текот на изминативе месеци имало околу 240 обиди за илегално преминување на нашата државна граница, истакна Иванов.

Шефот на државата потврди дека се следат состојбите и се обезбедуваат информации за превенирање на евентуалниот втор миграциски бран.

– Дневно ги следиме сите настани што се случуваат околу договорот меѓу ЕУ и Турција, ја следиме состојбата и во соседните држави, но исто така нашите служби информираат за настаните на боиштата од каде доаѓа најголем дел од илегалната миграција. Може да се каже дека досега превениравме и презедовме се што е наша улога, како држава покажавме дека го чуваме коридорот кој беше еден од најфрекфентните на илегалната миграција за да мигрантите стигнат до европските земји и благодарни сме на меѓународните полициски сили што се присутни на граничниот премин „Меџитлија“. Очекуваме дека може да се случи, а за тоа има најави и сознанија дека е можен втор миграциски бран и во таа функција е и оваа посета, да ги превенираме и видиме нашите капацитети за да можат сите субјекти на кризниот менаџмент да преземаат мерки кои се предвидени во услови на кризна состојба, рече Иванов.

Изрази благодарност што АРМ што излезегла во пресрет и помага на граничната полиција, како и на меѓународните полициски сили што и помагаат на Република Македонија во справувањето со предизвиците од илегалната миграција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This