ЃОРЃИЕВСКИ: На Заев му треба мешетар како Обрадовиќ, за прво да ја прво да ја унакази ЕЛЕМ, а потоа да ја продаде како бомбона бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија стана тема за потсмев во Србија поради катастрофалните кадровски одлуки кои ги носи Зоран Заев. Сите се прашуваат како е возможно Зоран Заев великодушно да му доделува државјанство и да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор  на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално.

Српските медиуми се прашуваат како е можно човек кој е сменет од челото на ЕПС заради спорна набавка на луксузни возила да добие ангажман во Македонија.

Имено Зоран Заев без тронка срам ја потценува целокупната фела во Македонија и планира да го именува Обрадовиќ, човек кој во сред мерки за штедење набавувал екстремно скапи возила, кој правел промашени тендери со милионски штети, кој неодговорно работел и ангажирал за баснословни хонорари ТВ ѕвезди.

Овие информации за Обрадовиќ ги пишуваат српските медиуми и изгледа сите ги имаат прочитано, освен Зоран Заев. Или уште полошо и тој ги има прочитано но и има проценето дека токму ваков мешетар му треба да ја прво да ја унакази ЕЛЕМ, а потоа да ја продаде како бомбона бизнис. ЕЛЕМ е фирма која управува со хидроцентралите во Република Македонија, фирма која управува со термоцентралите, ветерници, и голем број стопански субјекти, фирма која во себе има вработено 4800 граѓани на Република Македонија. Премногу е сериозно некој да си поигрува со судбината и иднината на оваа фирма.

Овие стравови се оправдани имајќи го во предвид беграундот и на Обрадовиќ, но и на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека еден погрешен кадровски избор како што е Обрадовиќ може да ја урниса најголемата државна фирма ЕЛЕМ која има капитално значење зa Македонија и македонската економија. Оттука бараме Зоран Заев и неговата влада веднаш да се откажат од намерата да ангажираат странец од типот на Обрадовиќ, бидејќи тоа ќе ја доведе во ситуација Македонија да биде тема за потсмев во регионот, а уште пострашно да ја доведе во прашање позицијата на ЕЛЕМ како енергетски столб на Република Македонија.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This