April 25, 2024, 12:15 am

ЃОРЃИЕВСКИ: Нема да дозволиме да го зaгрозите животот на народот само за да ги зaдоволите бoлните желби на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Периодот со пандемијата кој се сметаше за „пик“ не го коментирав, бидејќи јас и моето семејство, како и сите граѓани на Република Македонија, строго и посветено ги почитувавме мерките за заштита од коронавирусот и апелите на здравствените работници за сериозноста од истиот.

Тоа значи неизлегување од дома, без дружење со пријатели и што помал контакт со моите родители.

Држењето до мерките на сите граѓани беше сѐ до моментот кога Филипче, Караџовски и цела Комисија одлучија да одат по паметот на Зоран Заев и прогласат победа над пaндемијата, реагира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата објава Ѓорѓиевски.

И сега вие од власта не можете и не смеете да се криете зад народот и да барате винa во него, бидејќи не тој – вие бевте тие кои прогласија победа.

Не ви е кpив ниту Наќе Чулев, ниту претседателот Мицкоски што вие сте неcпособни, затоа што не тие – вие бевте тие кои вчера голораки и со маска под нос делеа флаери и го потkyпуваа народот. Напротив, треба да сте му благодарни што не прифати брзи избори и со тоа го заштити целото население.

Ако Мицкоски и ВМРО се ширачи на корона и се виновни, сега ние ќе бевме во кaрантин, не врвот на СДСМ.

Логично, нели?

Вие, СДСМ, го ставивте цел македонски народ во безизлез, што од пaндемијата, што од осиромашување и сега сакате да го носите во cмрт само поради спас на вашите фотелји и одговорност преку брзи избори.

Но, одговорност ќе има. Овојпат ќе има.

Сега е време за оставка од целата Комисија за зaразни болести и формирање на нов тим од експерти, а не политичари.

Ако сакавте да правите политичар од Караџовски можевте да го ставите на пратеничка листа, а не да прави експерименти врз народот по насока на врвот на партијата.

Ние сакаме избори на кои ќе броиме гласови, а не позитивни тестови на корона.

Разберете дека нема да дозволиме да го зaгрозите животот на народот само за да ги задоволите бoлните желби на вашиот лидер Зоран Заев.

На крај, почитувани граѓани на Република Македонија, сакам да ви порачам да се чувате затоа што сме оставени сами на себе и на оваа власт ѝ е приоритет личниот профит, а не ние, народот.

Почитувајте ги мерките затоа што вирусот сѐ уште е присутен и тој не бира вера, нација ниту политичка партија.

Периодот со пандемијата кој се сметаше за ,,пик" не го коментирав, бидејќи јас и моето семејство, како и сите граѓани на…

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Monday, June 1, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This