ЃОРЃИ СПАСОВ НЕ СМЕЕ ДА ГУКНЕ: Кога друга Влада потпишуваше декларација за добрососедство со Бугарија, беше Велепредавство, а сега?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двојните стандарди се одлика на СДСМ, во 1999 година за време на преговорите околу потпишувањето на декларацијата за добрососедство со Бугарија помеѓу Премиерите на двете земји, Љубчо Георгиевски и Иван Костов, Ѓорги Спасов, генерален секретар на СДСМ, поранешен министер за правда и амбасадор на Р.М. во Софија гласно го критикуваше договорот, врз чија основа сега како што велат од СДСМ треба да почива договорот што ќе го потпише Заев.

Спасов тогаш во изјава за „Дневник“ рекол дека најавеното решение дека јазикот на кој ќе биде потпишана декларацијата се јазиците кои официјални според уставите на двете држави е неприфатливо и скандалозно. За СДСМ и Спасов формулацијата „на македонскиот јазик според Уставот на Македонија“ не значело признавање на јазикот, туку ограничување на неговото постоење само во Уставот.

СДСМ и Спасов тогаш беа загрижени и за нејасното дефинирање за грижата за македонското национално малцинство, според Спасов тогаш откажувањето од македонското национално малцинство претставува противуставен чин, кој може да има сериозни последици за државата. Според Спасов Уставот на државата е дециден и ја обврзувал државата на заштита на националниот малцинство во другите земји, а никој особено Премиерот не смее да ја прекрши таа одредба. Според него тогаш тоа ќе било преседан зошто и другите соседи во догледно време можеле од нас да побараат да се откажеме од нашите малцинства во регионот.

Сега го гледаме Заев во Софија, кој за време на дводневна посета во Софија договори нешто што многу Влади пред него не договориле, не затоа што е добар преговарач, туку затоа што очигледно со леснотија прифаќа услови и работи кои и одат на штета на Република Македонија. Заев од Софија изјави и дека ќе се менуваат одредени делови од учебниците по историја, без да одговори кој ќе одлучува што и како да се менува во истите.

Додека Заев се смешкаше пред камерите во Бугарија и се поклонуваше пред споменикот на „Самуил-Цар на Бугарија“ , бугарскиот националист Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј во Софија, рече дека македонскиот јазик всушност е дијалект на бугарскиот и дека Македонија и Бугарија пред 1944 година имаат заедничка историја.

На ваквите изјави на Димитров не реагираше Заев кој според Устав и закон е должен да  ги брани интересите на државата, ниту пак реагираше Спасов кој очигледно не бираше зборови во нападите кон Владата на Георгиевски 99-та.

Во друг текст на „Дневник“ од 99-та година, Спасов вели дека е фрапантно што не се знае врз основа на што се потпишани тие договори, а треба да се види дали претставува тоа национално предавство. За сега да ја имаме сосема спротивната ситуација. Заев и делагацијата која беше во Софија, ни збор не кажуваат што и како договориле во Софија, за договорот чие потпишување го најавија за неполни 40-тина дена, на 2 август на ден Илинден, а Спасов и сличните на него кои тогаш беа жестоки поборници против потпишувањето на декларацијата, која е само основа како што велат за договорот на Заев ги нема никаде.

Денес Љубчо Георгиевски, човекот кој беше на мета на СДСМ  за продавање на националните интереси во Софија е во коалиција со СДСМ на Зоран Заев, која целосно нетранспарентно и зад зартворени врати создава обврски за Република Македонија, без да ги запознае граѓаните што тоа договара. Зоран Заев во секоја своја изјава ги брои гласовите на Георгиевски во гласовите кои гласале против ВМРО-ДПМНЕ, односно кои биле со СДСМ, меѓутоа Спасов и останатите од СДСМ кои беа на линија на бранење на македонските национални интереси во времето на Георгиевски ги нема да изустат збор против дејствијата на Заев, кои на  далеку ги надминуваат дејствијата на сегашниот нивен партнер Георгиевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This