ЃУБРЕЏИСКА СВАДБА ВО ТЕТОВО:Наместо поклон во плик, младенците добија ѓубре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо во ресторан денеска во Тетово свадбата на “новиот ѓубреџиски пар” се одржа на градскиот плоштад, а гостите, членови на невладини организации, наместо пликоа, за подарок донесоа вреќи со ѓубре собрани изутрината во градот. Не изостана ни честењето на музичарите, но не со пари, туку со маски како заштита од лошиот мирис од отпадот.

-Јас сум облечена од ѓубрето кое го собравме. Идејата на оваа Ѓубреџиска свадба е да апелираме луѓето повеќе да трошат енерегија во зачувување на животната средина отколку на пример за организарање на едба свадба каде се троши многу време пари и енергија“, рече невестата.

На Ѓубреџиската свадба беа поканети сите жители на Тетово. Како што пристигнуваа, на младоженците им подаруваа кеси со разновиден отпад.

„Ѓубрето кое беше подарено на младожениците беше собрано од невладините организации од повеќе локации од градот во рамки на акцијата – Ракавици, Кеси, селекција сите во една Еко акција. За неполн час велат, секој учесник собрал по една голема кеса со отпад. Ова е доказ дека смет низ градот има премногу и целта е да се влијае на еколошката свест, но и ажурноста на властите околу собирање и транспортот на отпадот“, кажа Бујар Љума – организатор на Ѓубреџиска свадба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This