April 24, 2024, 12:17 pm

ЅАНАКОПУЛОС: Петка се односите меѓу Грција и С. Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се отворија патишта, односите меѓу С. Македонија и Грција веќе се одлични, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на оценката на владата за посетата на Алексис Ципрас на Скопје.

-Мислам дека се отворија патишта, бизнис делегацијата беше многу голема, имаше трговски договори, имаше бизнис договори, имаше многу голем напредок на ниво на билатералните економски односи. Знаете дека веќе односите меѓу С. Македонија и Грција се одлични и ова е резултат од самиот Договор од Преспа што ќе се покаже корисен не само за двете земји, туку и за Балканските земји во целост, за ко-развојот и солидарноста што се неопходни за да можеме да ја задржиме стабилноста во поширокиот регион, рече Ѕанакопулос на брифингот со грчките новинари и странските дописници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This