Ѕвездата на Интер и ја плати операцијата на колковите на 26.годишна девојка од Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хуманоста не знае за граници и нации а пример за тоа е токму Марсело Брозовиќ…
Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ, донирал 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побарала финансиска помош за операција на колковите.

A, нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.

„Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст.

„Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

„Возбудена сум многу и пресреќна. Иако јас не следам фудбал и не сум слушнала за него, многу сум благодарна за неговиот придонес. Во секој случај, по реакциите на моите блиски, сфатив дека е популарен и добар играч, а сега покажа дека е добар и хуман човек. Би му кажала дека ми го подобри животот со еден негов потег“, изјави Трповска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This