Јаболкопроизводителите од Преспа утре со протест на магистралниот пат Ресен – Биотола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јаболкопроизводителите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе протестираат на магистралниот пат Ресен – Битола, кај Макази. Вака одлучија на вчерашниот состанок на иницијативниот одбор на овоштари. Заради проблемите со пласманот и хиперпродукцијата, 50.000 тони јаболка останаа во магацините. Затоа бараат средба со премиерот, но и да се врати повторно интервентната мерка од 3 денари.

-И потребна ни е таа поддршка да ја добиеме и во 2019 година. Ние бараме интервентната мерка која важеше до декември да продолжи до 30 јуни 2019 година, вели МЕНДЕ ИВАНОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР.

-Замислете овоштар кој има во своите магацини 100 или 200 тони јаболко, тоа е храна, а следното утро оди во продавница и се пишува за 2 или 3 леба. Минатата година интервентната мерка не остави на половина пат, пола од јаболкото 40.000 беше откупено, другото остана, немавме доволно логистика и можност сето тоа да биде транспортирани до преработувачките капацитети кај нас и во соседството, вели ЉУБЕ ПАМПУЛЕВСКИ, ЧЛЕН НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР.

– Најаларматно моменталната цена на конзумното јаболко почна да се движи од 3-6 денари за килогграм конзумно јаболко. Минимални потреби за да се произведе треба околу 8 денари, што значи оваа година со таа цена сме во загуба од 3-5 денари по килограм, вели АЛБЕН БЕКИР, ЧЛЕН НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР.

Покрај интервентната мерка, бараат што побрзо да им се исплатат и штетите за 2017 година и субвенциите, затоа што велат дека сега започнува сезоната на активности во јаболковите насади.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This