ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА МАГИЧНО СЕ ИСПРАЗНИ: Се вработуваат дури 78 нови цариници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелната власт предводена од СДСМ од позиција на опозиција жестоко критикуваше за партизација на јавната администрација како и превработеност. Власта наводно преку реформи без ниту еден човек да остане без работа требаше да го намали бројот на вработени во државната администрација. Напротив граѓаните секојдневно се сведоци на стотици огласи за нови вработувања, резервирани за партиски кадри кој чекаат вдомување и државна плата.

Наводно поради привремено зголемен обем на работа до крајот на тековна фискална година (2019), Царинската управа објави оглас за вработување на дури  78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година. Се бараат кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска улрава, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка, советници, цариници, виши цариници и други профили. Паричен износ на основна нето плата за работно место началник на одделение е 39.899 денари, за шеф на служба е 34.067 денари, за водител на смена е 33.432 денари, за самостоен советник е 32.401 денари, за советник е 30.724 денари, за виш цариник е 31.053 денари, за работно место цариник е 22.887 денари, за администартивен оператор е 24.060 денари и за наллатувач е 16.571 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This