March 28, 2024, 12:53 pm

ЈАВНИОТ ДОЛГ СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО 50 ПРОЦЕНТИ ОД БДП: Вртоглавото зaдoлжyвaњe енopмно го зголемува јавниот долг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавниот долг на државата на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра и претставува 48,5 отсто во однос на БДП, додека државниот долг на Република С Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 посто во однос на БДП. Ова, како што соопшти владината прес-служба, е наведено во Годишниот извештај Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република С Македонија за 2018 година што го усвои Владата на денешната седница и согласно член 27 од Законот за јавен долг треба да го достави до Собранието на Република С Македонија. – Јавниот долг на Република С Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП.

Државниот долг на Република С Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 отсто во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Република С Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизok од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8 отсто, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Оттаму велат дека годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има за цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република С Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на Република С Македонија, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This