ЈАВНОСТА ИCKЛУЧЕНА ЗА ВРЕМЕ НА ИЗНЕСУВАЊЕТО НА КЛУЧНИТЕ ДOKAЗИ: Покрај Камчев, снимал и Кичеец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кривичен суд во моментов се слушаат снимки кои, како што рече обвинителката Вилма Рускоска, ги направил сега првостепено осудениот Зоран Милевски – Кичеец.

Иако не се слуша јасно за што точно разговараат Јовановски и Кичеец, во разговорот има и други гласови.

Обвинителството најави дека има три снимки кои ќе се презентираат, а потоа јавноста ќе биде исклучена за приватни разговори меѓу Боки 13 и Кичеец.

На ова реагираше Јованвоски кој рече дека сака да биде отстранет од судница за време на емитувањето на тие разговори, а потоа по координација со Јанева одлучија дека сите снимки треба да бидат презентирани и јавноста да биде исклучена.

„Бараме да не биде исклучена јавноста во процесот. Бараме целокупното УСБ на Зоран Кичеец да биде презентирано денеска, и бараме да не бидат исклучени непријатните работи, за да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран во интерес на јавноста“, рече Јанева на денешното рочиште.

Катица додаде дека обвинителството требало да мисли кога предложувало докази, a Рускоска и врати дека таа да мислела, немаше сега да биде на обвинителна клупа.

По ова се вклучи и Бојан Јовановски кој вербално ја нападна обивнителката Рускоска дека монтирала случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This