April 19, 2024, 11:13 am

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОТВРДИ: Екс-директорот на УБК Атанасовски пpивeдeн поради „нeприjaтелско“ здружување против државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По наредба на обвинителката Вилма Русковска надлежна за случајот во врска со случувањата на 27.април, вечерва е уaпcен екс-директорот на УБК, кој според исказите на браќата Михаил и Стефан Младеновски (екс-функционери во СДСМ) го организирал упадот во Собранието

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за едно лице.

Постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик.

Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор. Во моментов се очекува да започне сослушување на осомниченото лице.“ – стои во соопштението Основното јавно обвинителство.

Обвинителството бара 30.денвен притвор за Атанасовски, а врз основа на основа на тоа дека екс-директорот го прекршил членот 324. став.1 од Кривичниот законик со кој се уредува „неприајтелска дејност“ против државата.

Браќата Младеновски сведочеа дека екс-директорот на УБК Владимир Атанасовски наводно транспортирал оружје со возила на УБК пред Собранието на 27.април, давал наредби за фрлање на молотови коктели во ДИК и „кревање во воздух“ на автомобилите на Петре Шилегов, Љубомир Фрчковски и Радмила Шекеринска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This