April 27, 2024, 12:45 am

ЈАВНО ДА МУ СЕ ИЗВИНИМЕ НА АНДРЕА: И да му кажеме дека додека не одговара за сомневањата, нема да престанеме со вистината!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што растат тензиите помеѓу двете идеи за иднината или судбината на „Макпетрол“ така едната од страните се обидува да ја порази вистината, проектирајќи моќ од обезвластена позиција, преку употреба на ниски закани и мизерни повици за некаква законска одговорност, надевајќи се дека на тој начин ќе не сопрат пред нашата зададена задача да ја пренесеме вистината до луѓето. Луѓето од кои оние кои немаат добри намери за компанијата се плашат, бидејќи знаат дека моќта лежи во нивните раце, во рацете на обичниот работник и акционер кој поседува моќ да ги сруши сите нивни лаги, и да ги порази влажните соништа на оние кои врз нивниот грб сакаат да се збогатат

dukovski_josifovski

Пред два дена, поточно во саботата попладне (10.09.2016), до редакцијата на iNFOMAX.mk како и до редакциите на повеќе медиуми кои ги објавија документите и доказите кои укажуваат на финансиски манипулации на кланот Јосифовски во една од најголемите компании во Македонија „Макпетрол“, добивме писмо од кланскиот адвокат г-дин Сашо Дуковски.

Полно со закани и бесмислени реченици кои укажуваа на нашата законска одговорност, имплицирајќи дека ни не сме смееле да објавуваме документи и докази кои предизвикуваат сомнежи за криминал на iNFOMAX.mk, дека не сме смееле да прашуваме. И сето тоа, во памфлет на четири листа наречен „предупредување“ пред тужба. Овие празни закани, без правна основа беа доволни некои од медиумите да потклекнат под притисокот и јавно да му се извинат на Јосифовски за вистината која ја објавиле, но не била доволно добра за вкусот на Андреа.

Ова е нашиот одговор.

До г-дин Дуковски и неговиот клиент Андреа Јосифовски, јавно се извинуваме ако сме објавиле нешто што било неточно, невистинито или непоткрепено со докази, иако за она што се обидувате да се заканувате не се тврдења ниту обиди за имплицирање на криминал, туку едноставно поставени прашања на кои вие немавте доблест да одговорите, а наместо тоа испративте празни закани.

Во манирот на професионалноста ние ќе го објавиме барањето за извинување и демант, но исто така и јавно ќе ве прашаме, тука пред целата Македонска јавност, дали не е вистина дека Јосифовски бил директор на оф-шор комапнијата „Петроимпекс Оверсис Лимитед“ со седиште во Кипар? Компанија која е формирана во истио период кога Јосифовски станува директор на „Макпетрол“?

sest_makpetrolpodvleceno

pet_makpetrolpodvleceno

Дали е неточно дека додека Оилко (компанија сестра на Макпетрол) генерира профити, „Макпетрол“ остварува негативни финансиски трендови, еквивалентни на профитите на Оилко?
dnevnik_makpetrol

Можете ли да дадете логично објаснување, и да понудите било каков одговор на нашето прашање. Дали не е сомнителен фактот дека иако кривично обвинет за перење пари и манипулирање со берзанските акции, одненадеж обвинителниот акт го снемува без никакво официјално објаснување? Дали според вас ова не буди сомневање за било каква интервенција на политичките елити?

krivicna_andrea

Можете ли г-дин Дуковски вие и вашиот клиент да го отфрлите фактот дека во официјалните податоци на Централниот регистар во Македонија постојат истите податоци како и во институциите во Кипар, иако преку моќта на заканите се обидувате да не заплашите и да изнудите од нас да лажеме и да кажеме дека ова е неточно?

sedum_makpetrolpodvleceno

Каков е вашиот официјален коментар за сомнежите дека најблиското семејство на Андреа имале фантомски компании?

prv_makpetrol

Дали навистина верувавте, дека без одговор на прашањата кои ги поставивме за кои вие мислите дека имате правна основа да се заканувате со тужби, дека тоа е доволно да ја замолчите вистината? Да не поставуваме прашања? Дали г-дин Дуковски, вашиот клиент вака функционира и со вработените во телевизијата под контрола на „Макпетрол“ – Телма, па од таму е и оваа пракса на закани кон медиумите?

Не, г-дин Дуковски. Можете да му ја пренесете следната порака на вашиот клиент.

Ние ќе продолжиме да поставуваме прашања се додека вашиот клиен не одлучи јавно да ги одговори. Се до тој момент, ние имаме законско право и обврска да прашуваме, а вие да мафтате со памфлетите наречени „предупредуања“, а ние ќе продолжиме да ги објавуваме со тоа исполнувајќи ја нашата законска одоговорнст, но ќе продолжиме да ги поставуваме истите прашања!

Објаснете г-дин Дуковски, дали не е точно дека во обвинителските кулоари веќе се шири информација дека благодарение на документите и сознанијата објавени на iNFOMAX.mk, Јавнто обвинителство за организиран криминал планира да започне со истрага против Јосифовски?

И на крајот, не одговоривте на прашањето кое го поставуваа акционерите. Каде се парите?

 

Александар
Митовски

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This