ЈАВНО СООЧУВАЊЕ: Сара Мејс не му остана должна на Сергеј Варошлија по модните критики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сара Мејс неодамна беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска. За нејзиниот стајлинг во емисијата таа доби многу критики од модниот критачар Сергеј Варошлија.

„Погледнете ја како изгледа Сара Мејс, драги гледачи. Распарчосано во тие фармерки, парталосано. Скинетите фармерки се ин, но не вака. Погледнете и ја блузата со тие контурирани гради на маицата, апликација која имитира дека е гола. Тоа изгледа многу невкусно. Дали има на главата врзано марама, со пунџа на главата. Катастрофа“ вели водителот пред некој ден во својата емисија „Мода“:

Сара вчера беше гостинка во „Ексклузив“, а таму нормално за атмосферата да стане понапната се појави и модниот критичар Варошлија.

Мејс го запраша зошто ја споредува со сестрите на Пепелашка кога тие не носеле фармерки.

„Носат парталосани фустани односно се синоним за нешто што е неуредно, невкусно бидејќи цел живот пателе да изгледаат некако,а тоа некако не им успеало. Јас кога те гледам вака јас го немам тоа чувство. Меѓутоа, во таа емисија што е без стил, најверојатно си сакала да соодвестуваш на насловот „Живот без стил“, па затоа така си се облекла“ изјави Сергеј.

Тој истакна дека искинатите фармерки се ин, но не на тој начин на кој ги носи Сара бидејќи има премногу елементи на себе.

„Да се само парталосаните фармерки кои и јас ги сакам е во ред. Меѓутоа, комбинација на маицата, величината на твоите гради, марамата на глава, пунџата, се малку нефункционални бидејќи се лошо комбинарани“, додаде Варошлија.

Сара истакна дека не се согласува со неговото мислење, но дека го почитува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This